Златна плакета „Державин“

Златна, сребрена и бронзена плакета за конкурси
Златните плакети се доделуваат на победници на конкурси кои се во организација на Меѓународен Славјански Универзитет. Покрај златната плакета, победникот најчесто добива и дополнителна награда. За вторите и третите места на конкурсите се доделуваат сребрена и бронзена плакета, соодветно.
Конкурси на кои се доделуваат плакетите:
- Конкурс за карикатура, хумореска и афоризам „Јас, Итар Пејо“
- Конкурс за средношколски есеи
- Шаховски турнир „Державин“
- Интелектуална игра „Державин“
- Ораторски ден
Награда Державин
Державин — наградата за поетска книга која ја доделува Друштвото на писателите на Македонија секоја година за нови поетски остварувања на членовите на македонската писателска асоцијација објавени во последните 12 месеци, заклучно со месец август. Наградата го носи името на големиот книжевник Г. Р. Державин и е востановена во 2016 година со парична донација од Меѓународен Славјански Универзитет од Свети Николе, по повод 70-годишнината од формирањето на ДПМ. Прв добитник на ова признание e поетот Јован Стрезовски.
Досега добитници на наградата се:
- 2016 – Јован Стрезовски за стихозбирката „Времено и трајно“
- 2017 – Василе Димески за стихозбирката „Ноќва душава си ја изедов“