Здраво, како можеме да Ви помогнеме?
Нашиот универзитет обезбедува група административни услуги низ кампусите со цел да се подобри студентскиот живот и искуството на студентите. Нашата цел е освен административните функции, на студентите да им обезбедиме и низа на други услуги кои ќе го надополнат и олеснат нивното академско искуство.
Универзитетски центри:
Овие центри се составни членки на универзитетот и се неопходни за негово внатрешно функционирање.
- Центар за кариера
- Центар за меѓународни односи
- Служба за студентски прашањa
- Информатички центар
- Инфо центар
- Библиотека
- Студентски сојуз
- Институт за култура
- Институт за инженерска економија
Дополнителни центри и услуги
Овие услуги и центри не се неопходни за функционирање на кампусите, но тие му го даваат оној посебен белег на универзитетот и секоја година го прават интересен за 2000 студенти. Нашите услуги се разновидни и опфаќаат повеќе различни области:
- Издавачка куќа
- Книжарница
- Конференциски центар
- Студентско радио
- Биро за проценки на безбедност
- Ракометен клуб
- Ресторан
- Студентско бифе