Конкурс за упис

Врз основа на член 149, член 134 став 2 и член 135 од Законот за високото образование на Р.Северна Македонија (сл.весник 82/2018, 154/2019, 178/2021 и 58/2024) и член 165  од Статутот на Меѓународен Славјански Универзитет Свети Николе, Република Северна Македонија, Ректорската управа на ден 19.03.2026 година донесе одлука за распишување на конкурс за упис на студенти во учебната 2026/2027 година и го објавува следниот

Конкурс за запишување на студенти на прв циклус на студии
во академската 2026/2027 година

Број
на студенти

За студии со настава на македонски јазик:

На Факултетот за економија и организација на претприемништвото на прв циклус на студии во времетраење од четири години, односно осум семестри, во учебната 2026/2027 година ќе се запишат на насоката:

  • Менаџмент и бизнис – 100  студенти,
  • Финансии и банкарство – 100 студенти.

На Факултетот за психологија на прв циклус на студии во времетраење од четири години, односно осум семестри, во учебната 2026/2027 година ќе се запишат на насоката

  • Општа психологија – 110 студенти.

На Факултетот за технички науки и информатика на прв циклус на студии во времетраење од три години, односно шест семестри, во учебната 2026/2027 година ќе се запишат на насоката:

  • Компјутерски системи и мрежи – 40 студенти,
  • Софтверски технологии – 40 студенти,
  • Безбедност при работа – 55 студенти,
  • Управување со отпад – 49 студенти,
  • Безбедност од пожар – 35 студенти.

На Факултетот за правни науки на прв циклус на студии во времетраење од четири години, односно осум семестри, во учебната 2026/2027 година ќе се запишат на насоката:

  • Правни студии – 110 студенти,
  • Политички студии – 60 студенти.

За студии со настава на англиски јазик:


На Факултетот за економија и организација на претприемништвото на прв циклус на студии во времетраење од четири години односно осум семестри во учебната 2026/2027 година ќе се запишат на насоката:

  • Management and Business – 50 студенти.

На Факултетот за психологија на прв циклус на студии во времетраење од четири години односно осум семестри во учебната 2026/2027 година ќе се запишат на насоката:

  • General Psychology – 50 студенти.

На Факултетот за технички науки и информатика на прв циклус на студии во времетраење од три години односно шест семестри во учебната 2026/2027 година ќе се запишат на насоката:

  • Software Technologies – 40 студенти.

* Реакредитација/акредитација на овие студиски програми е во тек.

Услови и критериуми
за упис

Право на запишување на прв циклус на студии имаат кандидатите со завршено четири годишно средно образование во државата и во странство со положена државна, државна стручна или меѓународна матура.

Право на запишување на прв циклус на студии имаат кандидатите кои се стекнале со диплома за завршено средно образование во траење од четири години во учебната 2019/2020 година без положена државна или меѓународна матура.

Право на запишување имаат и студенти од други акредитирани факултети, дипломирани лица и странски државјани (регулирано со закон).

Кандидатите се запишуваат како редовни или вонредни студенти со самофинансирање на студиите. При уплата на вкупната школарина при упис на академската година студентите добиваат попуст од 10%.

Кандидатите се запишуваат без полагање на приемен испит.

Се определува школарина за следниве факултети:

  • Факултет за економија и организација на претприемништво за 1 циклус додипломски студии за насока: Финансии и банкарство во износ од 500 евра во денарска противвредност годишно,
  • Факултет за економија и организација на претприемништво за 1 циклус додипломски студии за насока: Менаџмент и бизнис и Management and Business во износ од 500 евра во денарска противвредност годишно,
  • Факултет за технички науки и информатика за 1 циклус додипломски студии за насока: Безбедност при работа во износ од 500 евра во денарска противвредност годишно,
  • Факултет за технички науки и информатика за 1 циклус додипломски студии за насока: Управување со отпад во износ од 500 евра во денарска противвредност годишно,
  • Факултет за технички науки и информатика за 1 циклус додипломски студии за насока: Безбедност од пожар во износ од 500 евра во денарска противвредност годишно,
  • Факултет за технички науки и информатика за 1 циклус додипломски студии за насока: Компјутерски системи и мрежи во износ од 500 евра во денарска противвредност годишно,
  • Факултет за технички науки и информатика за 1 циклус додипломски студии за насока: Софтверски технологии и Software Technologies во износ од 500 евра во денарска противвредност годишно,
  • Факултет за психологија за 1 циклус додипломски студии за насока: Општа психологија и General Psychology во износ од 500 евра во денарска противвредност годишно,
  • Факултет за правни науки за 1 циклус додипломски студии за насока: Правни студии во износ од 500 евра во денарска противвредност годишно.
  • Факултет за правни науки за 1 циклус додипломски студии за насока: Политички студии во износ од 500 евра во денарска противвредност годишно.

Рокови
за упис

Првиот уписен рок трае од 01.04.2026 година до 21.08.2026 година. Во првиот уписен рок право на запишување имаат кандидатите со положена државна, државна стручна или меѓународна матура, студенти од други факултети и дипломирани лица. Листата на запишаните студенти ќе биде објавена на 31.08.2026 година.

Вториот уписен рок трае од 01.09.2026 година до 25.09.2026 година. Во вториот уписен рок право на запишување имаат кандидатите со положена државна, државна стручна или меѓународна матура, студенти од други факултети и дипломирани лица. Листата на запишаните студенти ќе биде објавена на 29.09.2026 година.

Документи
за упис

При пријавувањето за упис на прв циклус на студии во учебната 2026/2027 година, кандидатите ги поднесуваат следните документи:

  • Диплома за завршено средно образование и доказ за положена државна, државна стручна или меѓународна матура (Кандидатите кои се стекнале со дипломи во странство претходно треба да спроведат процедура за нивно нострифицирање во Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија);
  • Свидетелства од сите години;
  • Извод од матична книга на родените;
  • Државјанство;
  • Лична карта (на увид);
  • 2 мали фотографии во боја.

Документите за пријавување се поднесуваат во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет Свети Николе – Битола, Република Северна Македонија

  • Свети Николе на ул. „Маршал Тито“ бр. 77
  • Битола на ул. „Прилепска бр. 90А

За подетални информации, заинтересираните кандидати можат да се обратат на тел. 032/440-330, 047/609-778 или на електронската пошта info@msu.edu.mk.


Постави
прашање

CAPTCHA image