Факултет за економија

Зошто да студирате економија и менаџмент?

Зошто да студирате

Предметите од областа на менаџментот ќе ви помогнат да разберете како луѓето се однесуваат во организациите, како да се справувате со кризни ситуации во компанијата, како да планирате и да го развивате бизнисот.

Економијата значи разбирање

Економијата овозможува да ги разбереме причините за појавата на големите светски економски кризи, причините за невработеност, инфлација, за тоа како функционираат берзите, зошто некои земји се во сиромаштија, додека други се толку многу успешни итн.

Каде би работеле?

Нашите студенти со претприемачки дух веќе имаат започнато и сопствени бизниси. Можеби треба да размислите и во таа насока. Сè што ви треба е идеја и добар бизнис план.

Неограничени можности

Лошите економисти се ограничуваат на видливи ефекти, а добрите ги земаат предвид, покрај видливите, и ефектите кои треба да се предвидат.


За факултетот

Практични знаења и вештини

Нашиот Факултет за економија и организација на претприемништвото уште од самото основање им помага на студентите да се остварат себеси како млади економисти и менаџери подготвени да се изборат за своето место на пазарот на трудот.
Факултетот за економија и организација на претприемништвото на студентите им нуди четиригодишни додипломски студии и едногодишни последипломски студии.

240 ЕКТС

ДОДИПЛОМСКИ
СТУДИИ


Нашиот факултет нуди две насоки на додипломските студии. Студиите се со времетраење од четири години.

Предметите кои се опфатени во нашата програма ја рефлектираат мултидисциплинарната природа на бизнисот. Во текот на студиите ќе имате предмети поврзани со сметководство, финансии, менаџмент, деловно право, даночен систем итн.


повеќе детали
300 ЕКТС

ПОСЛЕДИПЛОМСКИ
СТУДИИ


Факултетот за економија и организација на претприемништвото на студентите им нуди 2 насоки на едногодишните последипломски студии.

Предметите што се опфатени во двете програми ќе им помогнат на нашите идни магистри да развијат специјални вештини за менаџирање со персоналот, креирање успешни маркетинг кампањи, менаџирање со организации во услови на глобализација…

Бидејќи предавањата најчесто се одржуваат во сабота, нашите последипломски студии се соодветни и за веќе вработени економисти и менаџери.


повеќе детали

Информации за студенти

Предавања и испити

Организација на семестри

Студиската година започнува на 1 октомври, а завршува на 30 септември следната година и се дели на два семестри, зимски и летен. Зимскиот семестар започнува на 1 октомври и трае до 14 февруари наредната година, а летниот започнува на 15 февруари и завршува на 30 јуни.

Распоред на активностите

Студентите од секоја насока вообичаено имаат предавања 2 до 3 дена во текот на една седмица, што е практично и за оние студенти кои патуваат.

Предавања

Наставата од Факултетот за економија и организација на претприемништвото се изведува во Битола и Свети Николе, односно секој студент ја следи онаму каде се има запишано.

Практична настава

Во текот на летото студентите имаат самостојна практична работа и избираат компанија или организација каде ќе ја вршат истата. Можат да изберат некоја од институциите со кои универзитетот има договор или пак институција по нивни избор.


Електронска и бесплатна

ЛИТЕРАТУРА

Литературата за голем дел од предметите на Факултетот за економија и организација на претприемништво е достапна на сервисот за E-учење на нашата веб страна и е бесплатна. Пристап до Е-учење имаат само нашите студенти и станува збор за литература која е подготвена само за нив.
На Е-учење можат да се најдат и презентациите од предавањата на повеќето професори и асистенти.

Наши изданија за наши студенти

Дополнително, литература во печатена форма е достапна во студентската книжарница. Дел од нашите професори имаат изготвено и учебници и скрипти кои можат да се набават по пристапни цени. Учебниците се издаваат од официјалната издавачка куќа на МСУ, Меѓународен центар за славјанска просвета. Студентите не се обврзани да ги купуваат материјалите.

Учебниците можат и да се позајмуваат

Нашата универзитетска библиотека нуди бесплатно членство за сите студенти. Истите изданија кои се оставени на продажба во книжарницата од библиотеката може да се позајмат бесплатно.

Нов модел

Помош и менторство

Модел на менторство

На почетокот на годината можете да го посетите нашиот Центар за кариера и да побарате да Ви биде доделен ментор. Менторот може да Ви го додели Центарот за кариера, а можете да го изберете и сами.

Менторот ќе Ви ги даде насоките

Центарот за кариера на универзитетот е на располагање постојано за сите прашања на студентите. Наша цел е на сите студенти да им овозможиме пријатна атмосфера која ќе им помогне на студентите да го остварат својот академски потенцијал.

Кои се карактеристиките на добар ментор?

Менторот го охрабрува својот студент, му дава совети и го бодри да оди напред кон поголеми успеси и достигнувања.

Зошто менторството е добро за студентот?

Менторот ќе Ви помогне да согледате каде се наоѓате сега, каде сакате да бидете и како да стигнете до таму. Ќе укаже на потребните промени за совладување на дадени препреки со цел да го подобри Вашиот професионален развој.

Декан на факултетот

проф. д-р
Шеќеринка
ИВАНОВСКА


Редовен професор

„Почитувани студенти,

„Во конципирањето на Факултетот за економија и организација на претприемништвото користени се сознанија на факултетите од развиените земји и искуствата стекнати низ долгогодишно постоење на факултетите во нашата земја.“

...

„Факултетот нуди современи студиски програми, дизајнирани според законот за високото образование, европските стандарди и светските трендови на високото образование.“

...


Прочитај го целото обраќање
Сите информации на едно место

Упис на додипломски студии

Сите информации на едно место

Упис на последипломски студии

Документи за упис

  • Диплома за положена државна или меѓународна матура;
  • Свидетелства од сите 4 години;
  • Копија од извод од матична книга на родените;
  • Копија од државјанство;
  • 4 мали фотографии во боја

Школарина

Кандидатите може да направат упис како редовни или вонредни студенти со самофинансирање на студиите во износ од 1030 евра (за една учебна година) во денарска противвредност. За можните попусти кликнете овде.

Документи за упис

  • Диплома за завршен прв циклус на студии;
  • Уверение за положени испити;
  • Копија од лична карта;
  • Копија од извод од матична книга на родените;
  • 4 мали фотографии во боја

Школарина

Кандидатите може да направат упис со самофинансирање на студиите во износ од 1530 евра (за една учебна година) во денарска противвредност. За можните попусти кликнете овде.