Последипломски студии

Студиските програми на Факултетот за правни науки ги следат светските трендови на современата наука и пракса во најразвиените земји и нудат интердисциплинарен пристап преку организација на студиите на два циклуси на студии кои опфаќаат квалитетни додипломски и последипломски правни студии.

Студиските програми за последипломски правни студии од втор циклус (последипломски магистерски студии) се наменети за студентите кои сакааат да го продолжат своето правничко образование и да се занимаваат со специјализирана правна струка. Студентот може да го продолжи своето образование на една од петте специјализирани насоки распоредени петтата година од студиите, односно да освои 60 ЕКТС кредити и да се стекне со соодветен стручен назив „магистер по право“ во конкретната област.



На Факултетот за правни науки во моментов се достапни 5 насоки на последипломски студии.

Во секоја од наставните програми од понудените седум изборни предмети во деветти семестар, се избираат само пет предмети кои студентот ги полага.

Покрај успешно полагање на предвидените предметни програми, за стекнување на потребниот број кредити предвидени на последипломските стручни студии, студентот има обврска да подготви магистерски труд и истиот успешно да го одбрани, како предуслов за завршување на соодветните студии од втор циклус и стекнување со стручен назив магистер по право.


https://www.facebook.com/slavjanskiuniverzitet/videos/1638125069531566/


CAPTCHA image