Декан

д-р Анита Ристевска, декан

д-р Анита Ристевска, декан

Почитувани студенти,

Изборот на факултетот и идната професија се важни одлуки на секој млад човек. Современиот начин на живеење и се повисокиот степен на заинтересираност на луѓето да ја опишат и разберат сопствената личност, но и личноста на другите околу себе, ја направи психологијата една од поважните професии, а потребата од психолози во сите сегменти од општеството е се поголема.

Психологијата како наука ги опишува и  проучува свесните и несвесните, сознајните и мотивационите психички процеси кои што влијаат врз однесувањето на поединецот и групата.

Целта на  факултетот за психологија е студентите  во текот на своите студии да се стекнат со знаења  и вештини поврзани со психичките процеси, особините  и однесувањето на индивидуата, но и со техники и инструменти со кои ќе ги решаваат проблемите кои што влијаат врз нејзино успешно функционирање во средината.

Факултетот за психологија нуди современи студиски програми според законот за високо образование, европските стандарди и современите трендови во високото образование. Тоа значи:

  • Постојано иновирање на наставните содржини и наставните програми;
  • Примена на современи методи и техники во наставата;
  • Почитување на моралните вредности;

Ваквите студиски програми им обезбедуваат на студентите знаења со кои ќе можат успешно да извршуваат  работни задачи од областите на применета психологија.

Теоретското знаење стекнато на факултетот за психологија, студентите можат практично да го применат во задолжителните летни програми со што им се овозможува да ги поврзат теоретските и практичните задачи на психологијата.

Факултетот за психологија има долгогодишна и плодна  соработка со голем број  на факултети и високообразовни институции во нашата земја  и надвор од неа.