Клиничка и советодавна психологија


Студиска програма Клиничка и советодавна психологија


Тип на студии:

  • Двегодишни (четврта плус петта година), 300 ЕКТС
  • Едногодишни (петта година), 300 ЕКТС

Оваа студиска програма е наменета за студентите кои имаат интерес да ги истражуваат и да одговорат на психолошките потреби на луѓето, преку процена и третман на нивните ментални, емоционални и бихевиорални проблеми.

Студентите на оваа студиска програма изучуваат предмети со кои се стекнуваат со знаeња за подобрување и унапредување на менталното здравје, а задолжителната практична настава низ многу институции во Република Северна Македонија само допринесува да ги подобрат вештините за соочување со предизвиците на клиничката и советодавна работа.

Студиите се насочени кон унапредување на знаењето и вештините на студентите преку практична работа и креирање и спроведување на истражувања во областите на кои се насочени. Клиничката и советодавната психологија претставуваат најголеми подрачја на применетата психологија. Поле на делување на истите се превенцијата, дијагностиката и третманот на неприлагоденото или пореметено однесување.

Примената на знаењата од клиничката и советодавната психологија придонесува за подобрување на квалитетот на животот на поединците, групите и семејствата, има превентивно влијание на психичкото здравје на поединецот и заедницата. Според тоа, целта на овие постдипломски студии е подготовка на идни професионалци во оваа област кои ќе придонесат во унапредувањето на менталното здравје и за пружање психолошка помош на поединци, групи, семејства и општеството во целина.

Програмата е базирана на следните начела:

  • интеграција на теоријата и практичната работа во подрачјето на клиничката и советодавната психологија,
  • прилагодување на студиите на индивидуалните потреби на кандидатите преку избор на разновидни изборни предмети,
  • учење низ непосредна примена на стекнатите знаења и во текот на студиите што се обезбедува низ менторско следење и клиничката пракса,
  • следење на новите сознанија во современата клиничка и советодавна психологија и сродните струки што се постигнува низ задолжителното следење на научна и стручна литература.

Студиите можат да бидат со времетраење од една година (60 кредити) или две години (120 кредити). Упис на двегодишни студии (3+2) можат да направат студенти кои при студирањето се стекнале најмалку со 180 ЕКТС, додека на едногодишните студии можат да се запишат студенти со стекнати 240 ЕКТС.



Студиска програма за двегодишни студии (четврта плус петта година)


Име на студиската програма: Клиничка и советодавна психологија
Факултет: Факултет за психологија
Тип на студии: последипломски (втор циклус)
Локација: во Свети Николе или Битола
Времетраење на студиите: 2 години (четири семестри)
Услов за упис: стекнати најмалку 180 ЕКТС кредити
Вкупно предмети: 17
ЕКТС кредити на програмата: 120
ЕКТС по завршувањето: 300
Стручен назив: Магистер на психолошки науки, Студиска програма: Клиничка и советодавна психологија
Годишна школарина: 1530 евра


Упис на двегодишни студии (3+2) можат да направат студенти кои при студирањето се стекнале најмалку со 180 ЕКТС. Во рамките на двегодишните студии се опфатени 17 предмети кои студентите треба да ги положат.

Во секој семестар има задолжителни и изборни предмети. Од понудените два изборни предмети, студентите избираат само еден, додека од понудените три, студентите избираат два предмети. Дополнително, во наставата е вклучено и изготвување и одбрана на магистерски труд.

По завршувањето на студиите и подготвувањето на магистерскиот труд студентот се стекнува со стручен назив Магистер на психолошки науки.


Факултет за психологија

Клиничка и советодавна психологија
Магистер на психолошки науки
Студиска програма Клиничка и советодавна психологија

Двегодишни студии (3+2)

7 СЕМЕСТАР
ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
1 Унапредување на ментално здравје во заедница Задолжителен 6 180
2 Дефектолошка дијагностика и рехабилитација на деца со атипичен развој Задолжителен 6 180
3 Кризи во развојните фази Задолжителен 6 180
4 Насилство во блиските врски Задолжителен 6 180
5 Образование на возрасни Изборен 6 180
6 Социјална заштита во Република Северна Македонија Изборен 6 180
 8 СЕМЕСТАР
ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
7 Проценка на личноста и психопатолошки отстапувања Задолжителен 6 180
8 Психологија на агресивно однесување Задолжителен 6 180
9 Ментална хигиена Задолжителен 6 180
10 Психосоцијална работа со деца и млади со деликвентно поведение Изборен 6 180
11 Професионална психодијагностика Изборен 6 180
12 Социјални вештини во интерперсоналните односи Изборен 6 180

 9 СЕМЕСТАР

ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
1 Психички растројства, етиологија и дијагностика Задолжителен 6 180
2 Психолошки интервенции и третмани Задолжителен 6 180
3 Психологија на здравје и болест Задолжителен 6 180
4 Основи на психотерапија Задолжителен 6 180
5 Психолошко советување Изборен 6 180
6 Образовен менаџмент Изборен 6 180
 10 СЕМЕСТАР
ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
7 Методологија на научно истражување со основи на статистика Задолжителен 6 180
8 Магистерски труд 24 720

 


Студиска програма за едногодишни студии (петта година)


Име на студиската програма: Клиничка и советодавна психологија
Факултет: Факултет за психологија
Тип на студии: последипломски (втор циклус)
Локација: во Свети Николе или Битола
Времетраење на студиите: 1 година (два семестри)
Услов за упис: стекнати најмалку 240 ЕКТС кредити
Вкупно предмети: 7
ЕКТС кредити на програмата: 60
ЕКТС по завршувањето: 300
Стручен назив: Магистер на психолошки науки, Студиска програма: Клиничка и советодавна психологија
Годишна школарина: 1530 евра


Упис на едногодишни (4+1) последипломски студии може да извршат студенти кои при студирањето се стекнале со 240 ЕКТС. Во рамките на едногодишните студии бројот на предмети кои треба да се положат изнесува 6.

Во секој семестар има задолжителни и изборни предмети. Од понудените два изборни предмети, студентите избираат само еден, додека од понудените три, студентите избираат два предмети. Дополнително, во наставата е вклучено и изготвување и одбрана на магистерски труд.

По завршувањето на студиите и подготвувањето на магистерскиот труд студентот се стекнува со стручен назив Магистер на психолошки науки.


Факултет за психологија

Клиничка и советодавна психологија

Магистер на психолошки науки
Студиска програма Клиничка и советодавна психологија

Едногодишни студии (4+1)

 9 Семестар
ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
1 Психички растројства, етиологија и дијагностика Задолжителен 6 180
2 Психолошки интервенции и третмани Задолжителен 6 180
3 Психологија на здравје и болест Задолжителен 6 180
4 Основи на психотерапија Изборен 6 180
5 Психолошко советување Изборен 6 180
6 Образовен менаџмент Изборен 6 180
 10 Семестар
ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
7 Методологија на научно истражување со основи на статистика Задолжителен 6 180
8 Магистерски труд 24 720

 


Услови за упис


Право на запишување на втор циклус на студии имаат кандидатите со завршен прв циклус на студии со стекнати 240 ЕКТС (завршени четиригодишни студии) или 180 ЕКТС (завршени тригодишни студии). Дали кандидатот ќе се запише во четврта или петта година зависи од бројот на дотогаш стекнатите кредити.
Право на запишување имаат и студенти од други акредитирани факултети и странски државјани (регулирано со закон).
Кандидатите се запишуваат без полагање на приемен испит.


Документи за упис


При пријавувањето за упис на втор циклус на студии кандидатите ги поднесуваат следните документи:

  •  Диплома за завршен прв циклус на студии;
  •  Уверение за положени испити;
  •  Извод од матична книга на родените;
  •  Фотокопија од лична карта;
  •  4 мали слики во боја

Документите за пријавување се поднесуваат во просториите на Меѓународниот Славјански Универзитет „Г. Р. Державин” во Свети Николе на ул. „Маршал Тито“ бр. 77 или во Битола на ул. „Новачки пат“ бр. 16.


Школарина


Кандидатите може да направат упис како редовни или вонредни студенти со самофинансирање на студиите во износ од 1530 евра (за една учебна година) во денарска противвредност.

Нудиме можности за плаќање на рати, а при плаќање на целокупниот износ на почетокот на академската година, студентите добиваат попуст од 10%. За студирање на двајца студенти од исто семејство одобруваме дополнителен попуст од 20% за секој член, за тројца или повеќе студенти од исто семејство по 25% за секој член, за студенти на МСУ кои од прв продолжуваат на втор циклус на студии 10%, како и 20% за бранители.


https://www.facebook.com/slavjanskiuniverzitet/videos/1626848413992565/


CAPTCHA image