Брзи факти

Брзи Факти

  1. Основач: д-р Јордан Ѓорчев.
  2. Број на кампуси: 2
  3. Наставен кадар: над 70 професори и асистенти од Македонија + визитинг професори од Русија, Бугарија, Србија.
  4. Активни студенти: приближно 1500.
  5. Дипломирале: приближно 2000.
  6. Објекти: 4000 м² во Свети Николе, 3000 м² во Битола.
  7. Библиотека: над 10 000 наслови на македонски, англиски, руски, српски јазик од областа на економијата, психологијата, правно-политичките науки, хуманистичките науки, техничките науки, како и популарна литература.Членството е бесплатно.
  8. Составни делови: 5 факултети, 2 институти, студентско радио, издавачка куќа, книжарница, ракометен клуб, студентско бифе, ресторан.
  9. Фер однос: Висината на школарината за студирање не е променета од 2004-та година.
  10. Бенефиции: 10% попуст на школарина доколку средствата се уплатат при успис на нова година, 20% попуст на школарина доколку студираат два члена од потесното семејство.
  11. Достапна литература: Поголем дел од задолжителната литература потребна за испитите е бесплатна и е достапна на системот за E-учење.