На системот Е-учење при Меѓународниот Славјански Универзитет студентите можат да најдат информации од секаков тип. Сите книги или скрипти кои се потребни во текот на студиите студентите можат да ги преземаат од страницата за Е-учење електронски без никакви трошоци.

Презентациите кои се употребуваат за време на предавањата се исто така достапни на сајтот и можат да се преземаат, што е многу олеснително за вонредите студенти. Теми за семинарски, подготвителни прашања за колоквиум и испит се исто така достапни како и обрасци за семинарски, дипломски и магистерски трудови. Распоредот со термини за испитни сесии исто така редовно се објавува пред секоја испитна сесија, како и известувања за предавања (одложување, презакажување и сл.)

Системот Е-учење моментално брои околу 3000 активни корисници кои секојдневно се логираат со бројот на индекс како корисничко име.

Логирањето може да се врши и преку мобилен телефон и за секоја промена за предавање или испит студентите се известени преку нотификација на самите смартфони. Секој предмет од студиската програма си има своја страница со објаснување за предметот, информации за професорот кој го предава, и секако материјалите за истиот. Моментално бројот на такви страници односно предмети изнесува над 560. Материјалите за тие предмети како што се скрити или книги бројат околу 200 достапни, како и презентации кадешто има најмалку 10 презентации по предмет за прв и за втор колоквиум, значи зборуваме за бројка од околу 6000 презентации од различни области.

Системот Е-учење е многу корисен за сите студенти затоа што ги имаат сите информации достапни на едно место и електронски, без потреба од телефонски повици или непотребни трошоци за доаѓање на факултет кога нема предавања.

Информациите на страната се ажурираат секојдневно во чекор со измените што ги вршат професорите. Старите материјали се заменуваат со нови, како електронски, така и во книжарницата на нашиот универзитет.

Студентите кои имаат проблем при најава на системот веднаш ја контактираат техничката поддршка и се решава проблемот во најкратот можен рок. Техничката поддршка е достапна полно работно време секој ден од 08:00 до 15:00 часот.

Нивото на достапни информации во системот е високо, но секако, во иднина тие ќе се дополнуваат секојдневно во зависност од барањата на студентите.

За упатство за користење или пријавување на грешки на Е-учење може да се контактира самата служба за побрзо решавање на проблемот, како и да се даваат предлози за идна работа. Сепак, доколку студентите преферираат, може да пополнат електронска анкета или да пријават грешки преку соодветно назначеното поле на веб страницата.