Ректор


Обраќање од ректорот


проф. д-р Ленче Петреска

Почитувани студенти, идни академски граѓани.

Основната мисија на секој универзитет е пред се да создаде луѓе, професионалци и интелектуалци кои по завршувањето на високото образование ќе можат подеднакво да се вклучат во социјалниот и економскиот живот и значително да придонесат за развојот на заедницата.

Меѓународниот Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“ има голема одговорност, односно млади луѓе кои ќе ги поминат следните години тука да се стекнат со знаења и вештини, во замена за идеи. Она што го нуди нашиот универзитет не е само знаење, туку и стекнување на првите посериозни животни искуства. Затоа ние како одговорна високо образовна институција сме секогаш отворени за промени и нови идеи.

Професијата што ќе ја одберете веројатно ќе направи големи промени во текот на вашата кариера. Затоа, вашето образование мора да биде флексибилно, квалитетно и во согласност на стандардите на високо образование.

Современиот концепт на образование подразбира доживотно учење. Академската заедница е универзална и глобална. Тоа не е поврзано само со нашиот универзитет или држава. Да се биде студент денес значи да се биде жител на светот. Глобализацијата и забрзаниот високо технолошки развој, исто така, се одразуваат и на високото образование и студирање. Знаењето што го добивате на универзитетот мора да биде применливо секаде во светот, и мора да биде релевантно за следните педесетина години. Затоа потпишани се договори  за наставна, научна и истражувачка работа со разни универзитети, а еден од нив, како наш стратешки партнер е и Тамбовскиот универзитет, при што веќе долги години со успех функционираме како Корпоративен универзитет со можност за стекнување двојна диплома.

Ние живееме во општество на знаење, знаењето е најважниот ресурс на бизнисот кој го  дели светот на богати и сиромашни, на успешни и неуспешни. Вие сега сте во период на вашиот живот кога треба да се стекнете со интензивно и квалитетно образование. Со добро образование ќе го подобрите и олесните вашиот живот, ќе ја проширите својата перспектива и ќе ги зголемите Вашите способности.

Ве повикуваме да се придружите на големиот број активни студенти на сите наши студиски програми на додипломски и последипломски студии, но истовремено и на педесетина врвни професори и соработници, како и дваесетина професионалци од административно-стручните служби со кои секојдневно ќе се среќавате и ќе ги споделувате Вашите убави моменти, и кои несебично ќе ви помагаат да ги решите сите непознатици кои неизбежно ќе бидат дел од вашиот студентскиот живот.

Од името на универзитетот Ви посакувам среќа!

Ректор на универзитетот,

Проф. д-р Ленче Петреска

 


Надлежност на ректорот


Ректорот е раководен орган на МСУ. Ректорот го претставува и застапува универзитетот во земјата и странство. Ректорот го претставува и застапува универзитетот во земјата и странство. Ректорот се избира од редот на редовните професори со објавување на јавен оглас. Ректорот се избира за време од три години, со право на уште на еден избор. Ректорот се избира на слободни, непосредни и тајни избори од страна на членовите на наставно-научните, научните и наставничките совети на единиците.

Ректорот во рамките на раководењето со универзитетот:

  1. ја усогласува високообразовната, уметничката, научно-истражувачката и применувачката дејност и друга работа на универзитетот;
  2. ги извршува одлуките и заклучоците на Сенатот;
  3. дава иницијатива за свикување на Сенатот;
  4. им поднесува на Сенатот и на Ректорската Управа предлози и одлуки и други општи акти и заклучоци за прашања чие разгледување и решавање е во нивна надлежност;
  5. одлучува за финансиските и материјалните прашања кои не се во надлежност на Сенатот на универзитетот;
  6. промовира доктори на науки;
  7. доделува награди на универзитетот;
  8. ги свикува, го предлага дневниот ред и претседава со седниците на Ректорската Управа;
  9. предлага избор и разрешување на проректор;
  10. суспендира декан или директор на единица на универзитет за непочитување на законот, Статутот, општ акт или одлука на универзитетот и поставува времен вршител на должност декан, односно директор на единица на универзитетот;
  11. предлага избор и разрешување на генерален секретар на универзитетот;
  12. назначува времен вршител на должност декан, односно вршител на должност директор на единицата на универзитетот;
  13. ја води меѓународната соработка на универзитетот и иницира соработка со други универзитети во земјата и странство;
  14. дава овластување на проректорите за вршење на дел од своите права и обврски;
  15. врши други работи утврдени со закон, Статутот и други општи акти на МСУ.