Инфо  центарот обезбедува поддршка на студентите секој работен ден од 08:00 до 15:00 часот и во сабота од 09:00 до 14:00 часот. Неговата основна задача е да обезбеди информации прецизно и брзо, со цел студентите непречено да можат да ги добијат бараните податоци. Инфо центарот има отворени три телефонски линии, сопствена електронска адреса и раководи со сандачињата на социјалните мрежи на универзитетот.

Универзитетот, пред сè, го промовира образованието достапно за секого. Достапноста, исто така, значи дека академскиот и административниот кадар треба да биде достапен за студентите. Студентите можат да стапат во контакт на повеќе начини:

  • Пишуваат на електронските адреси на МСУ и на административниот и академскиот кадар,
  • Да остварат телефонски разговори со вработените во МСУ и на административниот и академскиот кадар,
  • Да не контактираат преку социјалните мрежи (Facebook, Instagram, Twitter)

Иако сите информации се достапни на интернет, ако студентот има прашања, универзитетот секогаш се труди да одговори. Понекогаш, студентите се обраќаат до професорите преку Инфо центарот и Инфо центарот ја игра улогата на медијатор. Студентите пишуваат или се јавуваат на Инфо центарот, потоа центарот ги собира потребните податоци и им дава повратни информации на студентите.