Самоевалуација

Комисијата за самоевалуација на МСУ и поткомисиите за самоевалуација на факултетите, евалуацијата ја вршат според условите утврдени со Статутот на МСУ и според Правилникот за евалуација на МСУ.

Комисијата за самоевалуација на МСУ ги анализира и ги оценува:

  •  реализацијата на студиските и предметните програми;
  • степенот на учество на наставниците, соработниците и студентите во реализацијата на студиските и предметните програми;
  • резултатите од полагањето според структурата на студиските програми (задолжителни, изборни, факултативни, општи, специјалистички, теоретски, практични и слично);
  • бројот и структурата на студентите;
  • времетраењето на студиските програми и проодноста по учебни години;
  • успехот на студентите според начинот на студирање, како и според регионалната припадност, националната припадност и слично;
  • влијанието на опременоста (библиотечен фонд, компјутерска опрема, читални и слично) врз ефикасноста во студирањето;
  • влијанието на истражувачката работа врз квалитетот на наставата и студирањето;
  • дејноста на Универзитетот според условите на дадената акредитација и дозволата за вршење високообразовна дејност;
  • ја координира работата на поткомисиите за самоевалуација на факултетите.

Поткомисијата за самоевалуација на факултетите ја анализира и дава оцена за реализацијата на програмата на катедрите за:

  • реализацијата на студиската програма;
  • степенот на учество на наставниците, соработниците и студентите во реализацијата на студиската програма;
  • резултатите од полагањето според структурата на студиската програма (задолжителни, изборни, факултативни, општи, специјалистички, теоретски, практични, лабараториски и слично);
  • бројот и структурата на студентите;
  • времетраењето на студиската програма и проодноста по учебни години;
  • успехот на студентите според начинот на студирање, како и според регионаланта припадност, националната припадност и слично;
  • влијанието на опременоста (библиотечен фонд, компјутерска опрема, читални и слично) врз ефикасноста во студирањето;
  • влијанието на истражувачката работа врз квалитетот на наставата и студирањето;

Поткомисијата за самоевалуација на факултетите изготвува годишен извештај за резултатите од евалуацијата со оцена на состојбата и со предлози за надминување на констатираните негативни појави во остварувањето на студиите на соодветниот факултет.


Извештаи за самоевалуација: