Грб

Знаме
Знамето на МСУ е со правоаголна форма во темноцрвена боја прошарана со потемни и посветли декоративни елементи со неправилна форма. На средината се наоѓа грбот на МСУ.
Под грбот на МСУ во два реда со фонт StobiSans Bold и сите големи букви е испишан називот на МСУ: (во првиот ред) Меѓународен Славјански Универзитет (во вториот ред) Гаврило Романович Державин.
Знамето на МСУ постојано е истакнато на објектот на Ректоратот на МСУ и на објектите на единиците и на придружните членки. Знамето на МСУ се истакнува по повод патрониот празник на МСУ, на прослави, свечености и други активности, кои се од значење за МСУ и единиците, а може да се истакне при одржување на меѓународни универзитетски средби,
натпревари и други собири во согласност со правилата и практиката на одржувањето на тие собири, како и при спортски натпревари и други спортски активности на МСУ и на единиците.
Студентска химна
Химната на универзитетот е напишана од Лазар Цветковски, а изведувачи се познатите македонски пејачи Димитар Андоновски и Дарко Илиевски, кои се наши (веќе дипломирани) студенти.
Химната се изведува на свечености организирани од универзитетот како доделување дипломи и врачување индекси, на промоции, културни настани итн. Се користи и во промотивните видеа за универзитетот, како и за секој факултет посебно.
Плакета
Плакетата се доделува на заслужни правни и физички лица, кои со својата работа дале посебен придонес за развојот на МСУ во областа на наставно-образовната, научно-истражувачката и уметничката дејност.
Златната плакета „Державин“ е со темно кафеави рамки, црвена подлога, а централно, во златен круг е поставен ликот на Г. Р. Державин. Во долниот дел на златна плочка во првиот ред е испишан текстот Златна плакета „Державин“, а потоа стои полниот назив на универзитетот.
Заедно со плакетата се врачува и биста со ликот на Г. Р. Державин.
Патронен празник
Патрониот празник на МСУ е 21-ви март, Светскиот ден на поезијата. Секоја година патрониот празник се одбележува со посебна свечена програма која се одржува на една од единиците на МСУ. Во свечената програма земаат учество и студентите на МСУ и на тој ден не се изведува настава. Патрониот празник на МСУ се одбележува на свечен начин, секоја година и на тој ден не се изведува настава. Програмата за патрониот празник се подготвува и уредува од Институтот за култура и уметност.
Инсигнии

Графички приказ на ректорски и проректорски инсигнии

Графички приказ на декански и продекански инсигнии
МСУ има посебни инсигнии за ректорот, проректорот, деканите и продеканите. Ректорските и проректорските инсигнии се состојат од пет меѓусебно поврзани гравури, а на централната гравура е поставен ликот на Г. Р. Державин. Деканските и продеканските инсигнии се разликуваат зависно од факултетот и се состојат од три меѓусебно поврзани гравури, а на централната гравура е поставен ликот на Г. Р. Державин.
Одора
МСУ определува одори за ректорот, проректорите, деканите и продеканите. Одората се карактеризира со бордо боја со декорации и везови во златна боја кои започнуваат од предната страна и преку рамениците се протегаат до грбот. Основата на одората е иста за ректорот, проректорите, деканите и продеканите. На ректорската одора има правоаголен додаток во златна боја кој служи како подлога за инсигниите. На проректорската, деканската и продеканската одора се додаваат само инсигниите.
Одората се користи при свечени настани на МСУ, прослави, промоција на нови генерации, претставување на МСУ или единиците на меѓународни и меѓууниверзитетски средби и слични активности.
Слогани
- Живеј ја својата визија (2015)
- Студирајте на Славјански денес за да го освоите светот утре (2016)
- Мојата визија. (2018)