Услови, рокови и критериуми за упис

Услови за упис

Право на запишување на втор циклус на студии имаат кандидатите со завршен прв циклус на студии со добиени 240 ЕКТС (четиригодишни студии) и 180 ЕКТС (тригодишни студии). Освен завршен прв циклус на студии, потребно е кандидатите активно да користат англиски јазик.

Поради органичените места, во апликациите кандидатите мора да достават исто така:

  • сертификат за познавање на англиски јазик
  • кратко мотивационо писмо

Рокови за упис

Пријавувањето и доставувањето на документи за упис на програмата „Бизнис и организација“ од Економскиот факултет при Универзитетот во Љубљана ќе се врши во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин” Свети Николе во периодот од 05.05.2018 до 30.09.2018 година.

Предавањата започнуваат во октомври 2018.


Последипломски студии • Бизнис и организација • Факултет за економија при Универзитетот од Љубљана

Сега можете да студирате Бизнис и организација на Економскиот факултет од Универзитетот во Љубљана, но во Македонија.Искористете ја можноста да студирате по програма од првиот и моментално единствениот факултет во регионот со три од највисоките интернационални акредитации! Постдипломските студии траат две години, a ќе бидат организирани на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Свети Николе.Дознајте повеќе на https://bit.ly/2Kqx1oj

Posted by Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ on Tuesday, June 26, 2018