Зошто да студирате правни науки

Зошто право?

Одлуката да се запишете на Факултетот за правни науки ќе допринесе да ги развиете и унапредите вашите комуникациски вештини, како и способности за решавање на комплексни проблеми.

Факултетот за правни науки пружа широк спектар опции за надоградба на вашата кариера, со тоа што ќе ги стекнете основните знаења за тоа како функционира општеството во кое живееме. По завршувањето на овој факултет вие ќе имате критичко и аналитичко размислување за проблемите кои настануваат во општеството и нивното решавање.

Факултет кој Ве подготвува за иднината

Во вакво општество, кога сите се стремиме кон Европа, и во кое сме сведоци на континуирана и комплетна промена на законските регулативи, факултетот за правни науки е најдобрата институција која ќе ги подготви студентите да можат да се справат и квалитетно да ги следат измените на законите, да дебатираат за нив и да бидат подготвени еден ден и да ги изработуваат истите.

Ова на нашите студенти им овозможува полесно вработување и придонес кон квалитетна примена на законите во институциите каде што ќе работат.

Што по дипломирањето?

Правото како професија е се повеќе дефицитарно од аспект на квалитетен кадар кој што ќе може да одговори на брзото развивање на модерниот свет.

По завршувањето на Факултетот за правни науки, откако ќе се стекнат со квалитетни вештини и познавања од областа на правото, нашите студенти ќе можат да работат на сите работни места кои ги нуди оваа професија: адвокати, судии, обвинители, правници во фирми како и во државна и локална администрација и др.


Факултет за правни науки | 2017

Уписите на додипломските и последипломските студии на Факултетот за правни науки се веќе започнати! ⏰Наставните програми им нудат на идните студенти можност да се стекнат со потребната теоретска основа и практични познавања, способности и вештини од областа на правото.И Вие сакате да студирате право? ? Прочитајте повеќе на: http://msu.edu.mk/fakulteti/fpn/dodiplomski/ ?Официјален руски партнерски универзитет. ?? ??

Posted by Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ on Monday, June 26, 2017