Правни студии


Студиска програма Правни студии (четиригодишни)


Име на студиската програма: Правни студии
Факултет: Факултет за правни науки
Тип на студии: додипломски (прв циклус)
Локација: во Свети Николе или Битола
Студентски статус: редовен или вонреден
Времетраење на студиите: 4 години (осум семестри)
Вкупно предмети: 42
Вкупно ЕКТС: 240
Стручен назив: дипломиран правник
Годишна школарина: 1030 евра


Студиската програма на правните студии им овозможува на студентите да се стекнат со напредни познавања од областа на правото и да добијат диплома дипломиран правник.

Потребата за оспособување на кандидати во областа на правото и подигнување на степенот на квалитетот на високото образование во областа на правните науки ја определува приоритетната задача на Факултетот за правни науки: профилирање на кадри кои што ќе располагаат со потребните квалитети како во поглед на нивната подготвеност за вклучување во реалните работни процеси, така и во поглед на нивните научно-стражувачки и теоретски потенцијали и креативност.

Вака определената основна задача ќе биде остварена преку продлабочување, проширување и подигање на нивото на студентските знаења во рамки на дисциплините вклучени во студиската програма.



Наставна програма • четиригодишни студии


Студиската програма на првиот циклус правни студии, односно додипломските студии е со траење од четири години (осум семестри) и опфаќа изучување на 42 предмети кои носат 240 кредити.


Факултет за правни науки

Студиска програма Правни студии (четиригодишни)

Стручен назив: дипломиран правник,

1 СЕМЕСТАР
ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
1 Теорија на државата и правото Задолжителен 6 150
2 Историја на право Задолжителен 6 150
3 Римско право Задолжителен 6 150
4 Академско пишување Задолжителен 6 150
5 Англиски јазик

Руски јазик

Се избира 1 изборен предмет 6 150
2 СЕМЕСТАР
ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
6 Уставно право Задолжителен 6 150
7 Право на информатичка технологија Задолжителен 6 150
8 Општ дел на граѓанско право и стварно право Задолжителен 6 150
9 Јавна и државна администрација Задолжителен 6 150
10 Основи на економија Задолжителен 6 150
3 СЕМЕСТАР
ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
1 Семејно право Задолжителен 6 150
2 Право на Европска Унија Задолжителен 6 150
3 Трудово право Задолжителен 6 150
4 Административно право и административна постапка Задолжителен 6 150
5 Современи политички системи Задолжителен 6 150
4 СЕМЕСТАР
ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
6 Меѓународно јавно право Задолжителен 6 150
7 Казнено право Задолжителен 6 150
8 Социјално право Задолжителен 6 150
9 Облигационо право Задолжителен 6 150
10 Наследно право Задолжителен 6 150
5 СЕМЕСТАР
ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
1 Финансии и финансово право Задолжителен 6 150
2 Право на интелектуална сопственост Задолжителен 6 150
3 Трговско право Задолжителен 6 150
4 Меѓународно право за правата на човекот Задолжителен 6 150
5 Пенологија Задолжителен 6 150
6 СЕМЕСТАР
ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
6 Меѓународни организации Задолжителен 6 150
7 Електронска трговија Задолжителен 6 150
8 Меѓународно дипломатско и конзуларно право Задолжителен 6 150
9 Организиран криминал Задолжителен 6 150
10 Даночно право Задолжителен 6 150
7 СЕМЕСТАР
ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
1 Судско право Задолжителен 6 150
2 Граѓанско процесно право – парнично Задолжителен 6 150
3 Меѓународно воено и хуманитарно право Задолжителен 6 150
Се избираат три изборни предмети од следнава листа
4 Методологија на истражување Изборен 4 100
5 Управно судство Изборен 4 100
6 Криминологија Изборен 4 100
7 Трудово право – применета програма Изборен 4 100
8 Казнено право – применета програма Изборен 4 100
9 Меѓународно право – применета програма Изборен 4 100
10 Земјишно-книжно право Изборен 4 100
11 Економско казнено право Изборен 4 100
12 Организациско однесување Изборен 4 100
8 СЕМЕСТАР
  ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
1 Казнено процесно право Задолжителен 6 150
2 Вонпарнично и извршно право Задолжителен 6 150
3 Меѓународно приватно право Задолжителен 6 150

Се избираат три изборни предмети од следнава листа

4 Менаџмент со човечки ресурси во јавната администрација Изборен 4 100
5 Ергономија на работно место Изборен 4 100
6 Корпоративно управување Изборен 4 100
7 Компјутерски криминал Изборен 4 100
8 Посебни казнени постапки Изборен 4 100
9 Граѓанско право – применета програма Изборен 4 100
10 Политики на Европска Унија Изборен 4 100
11 Нотарско право Изборен 4 100
12 Европско казнено право Изборен 4 100

 


Услови за упис


Право на запишување на прв циклус на студии имаат кандидатите со завршено четиригодишно средно образование во државата или во странство со положена државна или меѓународна матура.

Право на запишување имаат и студенти од други акредитирани факултети, дипломирани лица и странски државјани (регулирано со закон).

Кандидатите се запишуваат без полагање на приемен испит.


Документи за упис


При пријавувањето за упис на прв циклус на студии кандидатите ги поднесуваат следните документи:

  •   Диплома за положена државна или меѓународна матура;
  •   Свидетелства од сите 4 години;
  •   Копија од извод од матична книга на родените;
  •   Копија од државјанство;
  •   4 мали фотографии во боја;

Документите за пријавување се поднесуваат во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин” во Свети Николе на ул. „Маршал Тито“ бр. 77 и во Битола на ул. „Новачки пат“ бр 16.


Школарина


Кандидатите може да направат упис како редовни или вонредни студенти со самофинансирање на студиите во износ од 1030 евра (за една учебна година) во денарска противвредност.

Нудиме можности за плаќање на рати, а при плаќање на целокупниот износ на почетокот на академската година, студентите добиваат попуст од 10%. За студирање на двајца студенти од исто семејство одобруваме дополнителен попуст од 20% за секој член, за тројца или повеќе студенти од исто семејство по 25% за секој член, како и 20% за бранители.


CAPTCHA
Please wait...