Факултет за правни науки

Зошто да студирате правни науки?

Зошто да студирате

Одлуката да се запишете на Факултетот за правни науки ќе допринесе да ги развиете и унапредите вашите комуникациски вештини, како и способности за решавање на комплексни проблеми.

Факултет кој Ве подготвува за иднината

Ова на нашите студенти им овозможува полесно вработување и придонес кон квалитетна примена на законите во институциите каде што ќе работат.

Каде би работеле?

По завршувањето на Факултетот за правни науки, откако ќе се стекнат со квалитетни вештини и познавања од областа на правото, нашите студенти ќе можат да работат на сите работни места кои ги нуди оваа професија: адвокати, судии, обвинители, правници во фирми како и во државна и локална администрација и др.

Што по дипломирањето?

Правото како професија е се повеќе дефицитарно од аспект на квалитетен кадар кој што ќе може да одговори на брзото развивање на модерниот свет.

parallax background

За факултетот

Современи наставни програми за современи правници

Факултет во кој работат квалитетни кадри по претпознатлива наставна програма надополнета со квалитетна клиничка настава, односно практично надополнување на теоретското знаење.
Идните студенти во Факултетот за правни науки треба да препознаат квалитетна правна надградба изведена во современи услови и реализирана по најновите наставни програми.

240 ЕКТС

ДОДИПЛОМСКИ
СТУДИИ


Нашиот факултет нуди една насока на додипломските студии. Студиите се со времетраење од четири години.

Студиските програми на Факултетот за правни науки ги следат светските трендови на современата наука и пракса во најразвиените земји и нудат интердисциплинарен пристап преку организација на студиите на два циклуси на студии кои опфаќаат квалитетни додипломски и последипломски правни студии.


дознај повеќе
300 ЕКТС

ПОСЛЕДИПЛОМСКИ
СТУДИИ


Нашиот факултет нуди пет насоки на последипломските студии. Студиите се со времетраење од една година.

Студентот може да го продолжи своето образование на една од петте специјализирани насоки распоредени петтата година од студиите, односно да освои 60 ЕКТС кредити и да се стекне со соодветен стручен назив „магистер по право“ во конкретната област.


дознај повеќе

Информации за студенти

Предавања и испити

Организација на семестри

Студиската година започнува на 1 октомври, а завршува на 30 септември следната година и се дели на два семестри, зимски и летен. Зимскиот семестар започнува на 1 октомври и трае до 14 февруари наредната година, а летниот започнува на 15 февруари и завршува на 30 јуни.

Распоред на активностите

Студентите од секоја насока вообичаено имаат предавања 2 до 3 дена во текот на една седмица, што е практично и за оние студенти кои патуваат.

Предавања

Наставата од Факултетот за правни науки се изведува во Битола и Свети Николе, односно секој студент ја следи онаму каде се има запишано.

Практична настава

Во текот на летото студентите имаат самостојна практична работа и избираат компанија или организација каде ќе ја вршат истата. Можат да изберат некоја од институциите со кои универзитетот има договор или пак институција по нивни избор.


parallax background
Електронска и бесплатна

ЛИТЕРАТУРА

Литературата за голем дел од предметите на Факултетот за правни науки е достапна на сервисот за E-учење на нашата веб страна и е бесплатна. Пристап до Е-учење имаат само нашите студенти и станува збор за литература која е подготвена само за нив.
На Е-учење можат да се најдат и презентациите од предавањата на повеќето професори и асистенти.

Наши изданија за наши студенти

Дополнително, литература во печатена форма е достапна во студентската книжарница. Дел од нашите професори имаат изготвено и учебници и скрипти кои можат да се набават по пристапни цени. Учебниците се издаваат од официјалната издавачка куќа на МСУ, Меѓународен центар за славјанска просвета. Студентите не се обврзани да ги купуваат материјалите.

Учебниците можат и да се позајмуваат

Нашата универзитетска библиотека нуди бесплатно членство за сите студенти. Истите изданија кои се оставени на продажба во книжарницата од библиотеката може да се позајмат бесплатно.

Нов модел

Помош и менторство

Модел на менторство

На почетокот на годината можете да го посетите нашиот Центар за кариера и да побарате да Ви биде доделен ментор. Менторот може да Ви го додели Центарот за кариера, а можете да го изберете и сами.

Менторот ќе Ви ги даде насоките

Центарот за кариера на универзитетот е на располагање постојано за сите прашања на студентите. Наша цел е на сите студенти да им овозможиме пријатна атмосфера која ќе им помогне на студентите да го остварат својот академски потенцијал.

Кои се карактеристиките на добар ментор?

Менторот го охрабрува својот студент, му дава совети и го бодри да оди напред кон поголеми успеси и достигнувања.

Зошто менторството е добро за студентот?

Менторот ќе Ви помогне да согледате каде се наоѓате сега, каде сакате да бидете и како да стигнете до таму. Ќе укаже на потребните промени за совладување на дадени препреки со цел да го подобри Вашиот професионален развој.

Декан на факултетот

проф. д-р
Иван
ЕФРЕМОВСКИ


Редовен професор

Почитувани студенти,

Основната цел на Факултетот за правни науки е обезбедување образование на студентите кои на компаративен и интердисциплинарен пристап ќе стекнат теоретски и практични основи за македонското право и правото на ЕУ, а воедно и за нивните релевантни правни системи.

...

…Имајте оптимизам, истрајност, упорност, бидете посветени и фокусирани на вашето образование кое води кон крајната цел – успехот. Бидете одговорни зашто одговорноста е вредност и карактеристика на добрите, чесни, способни и квалитетни луѓе.

...


Прочитај го целото обраќање
Сите информации на едно место

Упис на додипломски студии

Сите информации на едно место

Упис на последипломски студии

Документи за упис

  • Диплома за положена државна или меѓународна матура;
  • Свидетелства од сите 4 години;
  • Копија од извод од матична книга на родените;
  • Копија од државјанство;
  • 4 мали фотографии во боја

Школарина

Кандидатите може да направат упис како редовни или вонредни студенти со самофинансирање на студиите во износ од 1030 евра (за една учебна година) во денарска противвредност. За можните попусти кликнете овде.

Документи за упис

  • Диплома за завршен прв циклус на студии;
  • Уверение за положени испити;
  • Копија од лична карта;
  • Копија од извод од матична книга на родените;
  • 4 мали фотографии во боја

Школарина

Кандидатите може да направат упис со самофинансирање на студиите во износ од 1530 евра (за една учебна година) во денарска противвредност. За можните попусти кликнете овде.