Испити

Испитни сесии

Во текот на една академска година има 4 испитни сесии од кои две се редовни, а две вонредни.

Првата редовна испитна сесија е во јануари и се полагаат испитите по предметите слушани во првиот семестар. Доколку студентот не ги положи сите испити во јануари, истите може да се полагаат во Априлската (вонредна) сесија. За полагање во вонредна сесија не се плаќаат казни.

Втората редовна испитна сесија се одржува во јуни и се полагаат испитите од вториот семестар. Доколку студентот не ги положи испитите во јуни, може да ги полага во Септемвриската (вонредна) сесија – исто така без плаќање на казни. Во овие сесии можат да се полагаат и испити од првиот семестар.


Пријавување испити

Пред сесијата, без разлика дали студентот претходно ги има положено двата колоквиуми, испитите треба да се пријават електронски (Е-индекс). Роковите за пријавување се објавуваат на Е-учење. 

Пријавување на испит чини 50 денари. Но, за пријавување на испит надвор од предвидените временски рамки, следува еднократна казна од 500 денари и казна од 100 денари за секој ненавремено пријавен испит.

Резултатите од испитите ќе пристигнат на корисничката сметка на студентот веднаш штом професорот ги објави.