Последипломски студии во Љубљана

Согласно договорот потпишан помеѓу Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин” и Економскиот факултет од Универзитетот во Љубљана, програмата „Бизнис и организација“ на Економскиот факултет при Универзитетот во Љубљана сега е достапна на нашиот универзитет.


Топ 100 програми во светот според Financial Times


Економскиот факултет на Универзитетот во Љубљана со гордост објавува дека интернационалната програма „Бизнис и организација” е рангирана меѓу најдобрите 100 на светско ниво на престижната листа на Financial Times. Рангирањето на Financial Times е најшироко признаено во меѓународната бизнис заедница, и самиот ранг го докажува квалитетот на програмата која е носител на добро познатите меѓународни акредитации EQUIS, AACSB и AMBA.

Исто така, во месец септември во Брисел EFMD (European Foundation for Management Development) официјално ја продолжи EQUIS акредитацијата во времетраење од 5 години на Економскиот факултет на Универзитетот во Љубљана. Со ова уште еднаш се потврдува исклучителниот квалитет на образование кој Економскиот факултет го имплементира на меѓународно ниво.


Факултет со тројна круна


Искористете ја можноста во Р. Македонија да студирате на програма од факултетот кој е првиот и моментално единствениот со т.н. „Тројна круна“ во Југоисточна Европа со највисоките интернационални акредитации EQUIS, AASCB и AMBA!

Уписот на кандидатите и реализација на програмата ќе се врши на Славјански Универзитет. Официјален јазик на прогамата е англиски јазик.

Во Словенија магистерската програма „Бизнис и организација” е акредитирана од Националната агенција за квалитет во високото образование (НАКВИС) на Република Словенија. Економскиот факултет од Универзитетот во Љубљана ја доби акредитацијата од Владата на Република Македонија за реализација на магистерската програма „Бизнис и организација”. Сите законски услови за одржување на студиите во Република Македонија се исполнети.

Оваа програма ја препорачуваме за:

  • менаџери и претприемачи кои веќе се вработени;
  • лидери кои имаат мултидисциплинарни одговорности;
  • директори кои сакаат да развијат сеопфатна, интегрирана перспектива и да ги изострат нивните стратешки вештини;
  • амбициозни експерти на кои им се важни менаџерските вештини;
  • мотивирани индивидуалци кои можат да го изразат својот лидерски потенцијал;
  • дипломирани студенти со или без работно искуство.

Повеќе информации:


 


Последипломски студии • Бизнис и организација • Факултет за економија при Универзитетот од Љубљана

Сега можете да студирате Бизнис и организација на Економскиот факултет од Универзитетот во Љубљана, но во Македонија.Искористете ја можноста да студирате по програма од првиот и моментално единствениот факултет во регионот со три од највисоките интернационални акредитации! Постдипломските студии траат две години, a ќе бидат организирани на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Свети Николе.Дознајте повеќе на https://bit.ly/2Kqx1oj

Posted by Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ on Tuesday, June 26, 2018