Мисијата на Меѓународен Славјански Универзитет е да биде регионален центар на значајни академски и културни случувања, претставувајќи академска средина која нуди квалитетно и достапно за сите високо образование, во процес на пријатно, фер и транспарентно студирање кое обединува идеи од сите краеви на светот.


Соодветно на тоа, нашиот универзитет:

  • Е регионален центар на значајни академски и културни случувања;
  • Е академска средина која нуди квалитетно и достапно за сите високо образование;
  • Се залага за процес на пријатно, фер и транспарентно студирање;
  • Се залага за оригинален модел на студирање со активно менторство кој обединува идеи од сите краеви на светот;
  • Е средина каде културата, слободното изразување и креативноста се негуваат;
  • Се залага да инспирира промени, истражувања и иновации;
  • Општествено одговорна институција која се стреми да обезбеди еднакви услови за сите;

Понатаму, дел од мисијата на МСУ е да понуди квалитетно образование и научна дејност преку современа наставна програма кое ќе допринесува кон создавање на образовни кадри кои ќе бидат надградени со знаења, способности и компетентности соодветни на потребите на домашниот и глобалниот пазар на трудот.

МСУ се стреми да создаде мост на дијалог помеѓу културите и знаењата од истокот и западот со цел воспоставување на високи академски стандарди во наставно-научната дејност, воведување на квалитет во наставата и работата преку поврзување на теоријата со практиката, а во чекор со економијата на знаењето.