Служба за студентски прашања

Службата студентски прашања, како што вели во самото име, постои за давање одговори на сите прашања од студентите кои имаат потреба. Уште при самиот упис на факултет, студентот остварува контакт со службите за студентски прашања доставувајќи ги сите потребни документи за упис.

Студентите ја оценија оваа служба како мошне мотивирачка поради изразените комуникациски вештини и професионалниот однос кон работата, како и принципиелноста, доследноста, срдечноста и демократскиот однос во конкретното навремено извршување на сите барања и потреби на студентите.

Студентите преку оваа служба можат да побараат различен тип на документи, како на пример, потврда за редовен/вонреден студент, делумно уверение за положени испити, целосно уверение за положени испити, барања за полагање на испит или преполагање, за слободни денови од работа поради испит или дипломска работа, потврда за работа во странство, барање за ставање на факултетот во мирување, изјаснување за положени испити, заверка на семестар итн.

Службата за студентски прашања ќе биде службата со која ќе имате најмногу контакти за време на студирањето и затоа ние како универзитет посветуваме најголемо внимание токму на оваа служба. Љубезноста и комуникациските вештини се главните карактеристики кои ги бараме кај нашите службеници, за студентите да можат да се чувствуваат пријатно за време на студиите.

Работното време на Службата за студентски прашања е во координација со работното време на универзитетот, односно од понеделник до петок од 08:00 до 15:00 и сабота од 09:00 до 14:00.

Основната дејност на Службата за студентски прашања е да понуди висококвалитетен студентски сервис за тековните студенти на прв и втор циклус на студии, да кореспондира со тековните, потенцијалните и веќе дипломираните студенти, да излегува во пресрет на барањата на студентите, да помага и сугерира во координацијата на распоредите на факултетите, да ги информира навремено студентите за какви било корисни информации во врска со нивното студирање, да ги води матичните и главните книги и да ги води и чува досиејата на студентите на прв и втор циклус на студии.

Исто така, преку оваа служба можат да се вршат уплатите за школарина директно на факултетот со картичка, или пак студентите добиваат бесплатна уплатница за вршење на уплатата во банка. Проверката на досие на студентот се врши на студентски прашања и е исто така бесплатно. Оваа служба исто така дава и информации во врска со достапноста на професорите и известува доколку има промени во распоредот на предавањата и испитите во текот на денот.