Додипломски студии
тригодишни

Факултетот за технички науки и информатика нуди четири студиски програми на додипломските студии. Сите студиски програми се со времетраење од три години:

Она што е заедничко за сите студиски програми е тоа што се дизајнирани да ги развиваат способностите на студентите да ги анализираат предизвиците и да развијат иновативни решенија кои се однесуваат на проблемите од секојдневието. Преку комбинација на теорија и практични проекти, студентите на Факултетот за технички науки и информатика ќе стекнат вештини и знаења неопходни за да се истакнат во нивните избрани области.

Решавањето на проблеми е можеби најважниот дел од информатиката како наука. Предметите кои се опфатени во студиските програми Компјутерски системи и мрежи и Софтверски технологии од областа на информатиката ќе ги научат студентите за дизајнот и развојот на софтверски решенија кои помагаат во решавање на проблеми од разни области.

Програмата Безбедност при работа како единствена во земјава обезбедува знаења за превентивни мерки и управување со ризици на работното место. Студентите учат како да создадат безбедни работни услови, да ги применуваат законите и стандардите за безбедност и здравје на работното место и да развиваат ефективни политики за справување со евентуални незгоди. 

Управување со отпад се фокусира на современо методи за управување со отпадот, од негово собирање и транспорт, до рециклирање и конечна диспозиција. Студентите ќе изучуваат различни аспекти на еколошкото управување со отпад, вклучувајќи законодавни рамки, технологии за обработка на отпад и стратегии за минимизација на отпадот. Оваа програма ги подготвува студентите да се соочат со еколошките предизвици на современото општество и да развиваат одржливи решенија.

Услови
за упис

Право на запишување на прв циклус на студии имаат кандидатите со завршено четиригодишно средно образование во државата или во странство со положена државна или меѓународна матура.

Право на запишување имаат и студенти од други акредитирани факултети, дипломирани лица и странски државјани (регулирано со закон).

Кандидатите се запишуваат без полагање на приемен испит.

Документи
за упис

При пријавувањето за упис на прв циклус на студии кандидатите ги поднесуваат следните документи:

  •   Диплома за положена државна или меѓународна матура;
  •   Свидетелства од сите 4 години;
  •   Копија од извод од матична книга на родените;
  •   Копија од државјанство;
  •   4 мали фотографии во боја;

Документите за пријавување се поднесуваат во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе на ул. „Маршал Тито“ бр. 77 и во Битола на ул. „Новачки пат“ бр 16.

Годишна
школарина

Кандидатите може да направат упис како редовни или вонредни студенти со самофинансирање на студиите во износ од 1230 евра (за една учебна година) во денарска противвредност.

Нудиме можности за плаќање на рати, а при плаќање на целокупниот износ на почетокот на академската година, студентите добиваат попуст од 10%. За студирање на двајца студенти од исто семејство одобруваме дополнителен попуст од 20% за секој член, за тројца или повеќе студенти од исто семејство по 25% за секој член, како и 20% за бранители.

Сите информации за школарината можете да ги пронајдете овде, а информации за финансиска помош и достапните попусти можете да најдете овде.

Постави
прашање

CAPTCHA image