Управување со отпад (3+2)


Студиска програма Управување со отпад (3+2)


Име на студиската програма: Управување со отпад
Факултет: Факултет за технички науки и информатика
Тип на студии: додипломски (прв циклус)
Локација: во Свети Николе или Битола
Студентски статус: редовен или вонреден
Времетраење на студиите: 3 години (шест семестри)
Вкупно предмети: 24
Вкупно ЕКТС: 180
Стручен назив: инженер за управување со отпад
Годишна школарина: 1230 евра


Програмата за управување со отпад е усогласена со современите трендови и состојбата на професијата во соодветната област во рамките на европскиот високообразовен простор. Целта на студиската програма е на студентите да им понуди најнови знаења од соодветната област и да се изврши оспособување на студентите за успешна примена на научни и стручни достигнувања од областа на инженерските безбедносни системи и менаџментот на управувањето со отпад.

Во наставата се присутни повеќе форми и методи на предавања: интерактивна настава, лабораториска и практична настава, теренска настава и проектна задача.



На оваа студиска програма студентите прво се запознаваат со правните основи за управување со отпад кои се однесуваат на заштита од општите права на работниците, заштита на права во процесот на работа, а се стекнуваат и со знаење од областа на организација на управувњето со отпад. Исто така, студентите учат за штетните агенси во животната средина кои делуваат на човечкото здравје, механизмите на нивното дејствување и стратегија за борба против нивното штетно дејство.

Понатаму, во програмата е предвидено стекнување на знаења околу основните законитости на термодинамичките процеси со цел да се заштити работната и животната средина, усвојување на знаења за процесите на развојот на техничките системи како и техничките системи за заштита на работникот, материјалните добра и безбедноста на работната и животната средина.

Студиите се во траење од три години, а обемот на студии изнесува 180 ЕКТС.

Во рамките на тригодишните студии се опфатени 24 предмети кои студентите треба да ги положат. Во секој семестар има по 3 задолжителни и 2 изборни предмети. Од можните 2 изборни предмети, студентите избираат само 1.

По дипломирањето ќе се стекнете со стручен назив инженер за управување со отпад.


Наставна програма • тригодишни студии


Факултет за технички науки и информатика

Студиска програма Управување со отпад

Инженер за управување со отпад

1 СЕМЕСТАР

  ПРЕДМЕТ ЗАД/ИЗБ ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
1. Математика Задолжителен 8 240
2. Основни параметри за работната средина Задолжителен 8 240
3. Правни основи за управување со отпад Задолжителен 8 240
4. Технички материјали Изборен 6 210
5. Странски јазик Изборен 6 210

2 СЕМЕСТАР

  ПРЕДМЕТ ЗАД/ИЗБ ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
6. Техничка механика Задолжителен 8 240
7. Термодинамика Задолжителен 8 240
8. Термопостројки Задолжителен 8 240
9. Материјали за рециклирање Изборен 6 210
10. Основи на информатика Изборен 6 210

3 СЕМЕСТАР

  ПРЕДМЕТ ЗАД/ИЗБ ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
1. Индустриска екологија Задолжителен 8 240
2. Енергетика и опкружување Задолжителен 8 240
3. Постројки и инсталации под притисок Задолжителен 8 240
4. Статистика и обработка на податоци Изборен 6 210
5. Индикатори за квалитет на работна средина Изборен 6 210

4 СЕМЕСТАР

  ПРЕДМЕТ ЗАД/ИЗБ ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
6. Теорија на системи и ризик Задолжителен 8 240
7. Социјална екологија Задолжителен 8 240
8. Менаџмент на природни ресурси Задолжителен 8 240
9. Мониторинг на животна средина Изборен 6 210
10. Основи на менаџмент Изборен 6 210

5 СЕМЕСТАР

  ПРЕДМЕТ ЗАД/ИЗБ ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
1. Комунални системи и животна средина Задолжителен 8 240
2. Биотехнологија за заштита на животната средина Задолжителен 8 240
3. Третман на опасен отпад Задолжителен 8 240
4. Применета информатика Изборен 6 210
5. Бучава во животна средина Изборен 6 210

6 СЕМЕСТАР

  ПРЕДМЕТ ЗАД/ИЗБ ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
6. Биоразградлив отпад Задолжителен 8 240
7. Заштита при транспорт и складирање Задолжителен 8 240
8. Теорија на горење Задолжителен 8 240
9. Безбедност на опрема и производи Изборен 6 210
10. Менаџмент на професионален ризик Изборен 6 210

Услови за упис


Право на запишување на прв циклус на студии имаат кандидатите со завршено четиригодишно средно образование во државата или во странство со положена државна или меѓународна матура.

Право на запишување имаат и студенти од други акредитирани факултети, дипломирани лица и странски државјани (регулирано со закон).

Кандидатите се запишуваат без полагање на приемен испит.


Документи за упис


При пријавувањето за упис на прв циклус на студии кандидатите ги поднесуваат следните документи:

  •   Диплома за положена државна или меѓународна матура;
  •   Свидетелства од сите 4 години;
  •   Копија од извод од матична книга на родените;
  •   Копија од државјанство;
  •   4 мали фотографии во боја;

Документите за пријавување се поднесуваат во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе на ул. „Маршал Тито“ бр. 77 и во Битола на ул. „Новачки пат“ бр 16.


Школарина


Кандидатите може да направат упис како редовни или вонредни студенти со самофинансирање на студиите во износ од 1230 евра (за една учебна година) во денарска противвредност.

Нудиме можности за плаќање на рати, а при плаќање на целокупниот износ на почетокот на академската година, студентите добиваат попуст од 10%. За студирање на двајца студенти од исто семејство одобруваме дополнителен попуст од 20% за секој член, за тројца или повеќе студенти од исто семејство по 25% за секој член, како и 20% за бранители.


CAPTCHA image