Електронска и бесплатна
литература

Литературата за голем дел од предметите на факултетот достапна на E-учење на нашата веб страница и е бесплатна. Пристап до Е-учење имаат само нашите студенти и станува збор за литература која е подготвена само за нив.

На Е-учење можат да се најдат и презентациите од предавањата на повеќето професори и асистенти.

Наши изданија
за нашите студенти

Дополнително, литература во печатена форма е достапна во студентската книжарница, како и во онлајн продавницата на нашата издавачка куќа. Дел од нашите професори имаат подготвено книги и скрипти кои можат да се набават по пристапни цени. Книгите се издаваат од официјалната издавачка куќа на Меѓународен Славјански Универзитет.

Студентите не се обврзани да ги купуваат материјалите.

Материјалите можат
да бидат позајмени

За студентите кои сакаат дополнително да истражуваат за одредена област или предмет, достапна е дополнителна литература. Истата може да се позајми од библиотеката – бесплатно.

Нашата универзитетска библиотека нуди бесплатно членство за сите студенти. Библиотеката има своја веб страница, каде се објавуваат изданијата кои се достапни.

Вежби и други материјали може се позајмат и од предметните професори и асистенти, зависно од областа која ја обработуваат.

Постави
прашање

CAPTCHA image