Студиска програма Меѓународни односи и дипломатија

Едногодишни студии
Име на студиската програма: Меѓународни односи и дипломатија
Факултет: Факултет за правни науки
Тип на студии: последипломски (втор циклус)
Локација: во Свети Николе или Битола
Времетраење на студиите: 1 година (два семестри)
Услов за упис: стекнати најмалку 240 ЕКТС кредити
Вкупно предмети: 8
ЕКТС кредити на програмата: 60
ЕКТС по завршувањето: 300
Академски назив: Магистер по политички науки – меѓународни односи и дипломатија
Годишна школарина: 2250 евра
Современиот свет е обележан со брзи политички промени, глобални економски процеси, безбедносни предизвици, миграции, меѓународни конфликти и сè поголема поврзаност меѓу државите и институциите. Поради тоа, денес повеќе од кога било се потребни професионалци кои ги разбираат меѓународните процеси, умеат критички да ги анализираат и можат успешно да комуницираат и да дејствуваат во сложено меѓународно опкружување.
Студиската програма Меѓународни односи и дипломатија е едногодишна програма од втор циклус со 60 ЕКТС, создадена со цел студентите да стекнат продлабочени теоретски знаења и практични компетенции од областа на меѓународните односи, дипломатијата, меѓународното право, безбедносните студии и глобалната економија.
Во текот на студиите, студентите се запознаваат со начинот на кој функционираат современите меѓународни односи, улогата на државите и меѓународните организации, дипломатските механизми, политичките системи, човековите права и економската дипломатија. Особено внимание се посветува на развивањето аналитичко и критичко размислување, способноста за процена на сложени политички и меѓународни ситуации, како и на комуникациските и преговарачките вештини кои се неопходни во дипломатската и меѓународната практика.
Програмата не е насочена само кон стекнување академско знаење. Нејзината цел е студентите да научат како тоа знаење да го применуваат при анализа на реални меѓународни прашања, подготовка на аргументирани ставови, водење преговори, истражување и донесување информирани одлуки.
Последипломски студии
Програмата е наменета за дипломирани студенти кои сакаат подобро да ги разберат меѓународната политика, дипломатијата и глобалните процеси, како и за оние кои својата професионална иднина ја гледаат во институции и организации што работат во меѓународен контекст.
Таа може да биде природно продолжување на претходното образование за студентите кои сакаат да се специјализираат во меѓународните односи, но и можност за професионалци кои сакаат дополнително да ги развијат своите знаења за дипломатијата, меѓународното право, политичката анализа и функционирањето на меѓународните институции.
Програмата е соодветна и за лица кои веќе работат или планираат да работат во државни институции, јавна администрација, меѓународни организации, дипломатски и конзуларни претставништва, невладини организации, истражувачки центри или други организации во кои се потребни познавања од областа на меѓународната соработка и глобалните политички процеси.
По завршувањето на програмата студентите се стекнуваат со 60 ЕКТС кредити.
Од изборните предмети се избира само по еден предмет за секој семестар.
Покрај успешно полагање на предвидените предмети, за стекнување на потребниот број кредити студентот има обврска да подготви магистерски труд и истиот успешно да го одбрани, како предуслов за завршување на студиите и стекнување со стручен назив Магистер по политички науки – меѓународни односи и дипломатија.
Програма едногодишни студии
9 семестар
-
Теории на меѓународните односиЗадолжителен
8 ЕКТС
-
Меѓународни институцииЗадолжителен
8 ЕКТС
-
Дипломатско и конзуларно правоЗадолжителен
8 ЕКТС
-
Меѓународно право за правата на човекотИзборен
6 ЕКТС
-
Компаративни политички системи и политичка анализаИзборен
6 ЕКТС
-
Компаративни административни системи и култураИзборен
6 ЕКТС
10 семестар
-
Академско пишувањеЗадолжителен
8 ЕКТС
-
Современа економска дипломатијаЗадолжителен
8 ЕКТС
-
Магистерски трудЗадолжителен
8 ЕКТС
-
Балканот и американската дипломатијаИзборен
6 ЕКТС
-
ЕУ стандарди во кривичната постапка и човекови праваИзборен
6 ЕКТС
Услови за упис
Право на запишување на втор циклус на студии имаат кандидатите со завршен прв циклус на студии со стекнати 240 ЕКТС (завршени четиригодишни студии).
Право на запишување имаат и студенти од други акредитирани факултети и странски државјани (регулирано со закон).
Кандидатите се запишуваат без полагање на приемен испит.
Документи за упис
При пријавувањето за упис на втор циклус на студии кандидатите ги поднесуваат следните документи:
- Диплома за завршен прв циклус на студии (Кандидатите кои се стекнале со дипломи во странство претходно треба да спроведат процедура за нивно нострифицирање во Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија);
- Уверение за положени испити;
- Извод од матична книга на родените;
- Државјанство
- Лична карта (на увид);
- 2 мали слики во боја
Документите за пријавување се поднесуваат во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе на ул. „Маршал Тито“ бр. 77 и во Битола на ул. „Прилепска“ бр 90А.
Годишна школарина
Кандидатите може да направат упис со самофинансирање на студиите во износ од 2250 евра (за една учебна година) во денарска противвредност.
Нудиме можности за плаќање на рати, а при плаќање на целокупниот износ на почетокот на академската година, студентите добиваат попуст од 10%. За студирање на двајца или повеќе студенти од исто семејство одобруваме попуст од 20% за секој член, како и 20% за бранители.
Максималниот попуст не може да изнесува повеќе 20% од вкупните трошоци за студирање. Сите информации за школарината можете да ги пронајдете овде, а информации за финансиска помош и достапните попусти можете да најдете овде.
