Студиска програма
Financial Crime and Criminal Justice (4+1)

financial crime and criminal justice msu 2026

Едногодишни студии

Име на студиската програма: Финансиски криминал и кривична правда / Financial Crime and Criminal Justice
Факултет: Факултет за правни науки
Тип на студии: последипломски (втор циклус)
Локација: во Свети Николе или Битола
Времетраење на студиите: 1 година (два семестри)
Услов за упис: стекнати најмалку 240 ЕКТС кредити
Вкупно предмети: 10
ЕКТС кредити на програмата: 60
ЕКТС по завршувањето: 300
Академски назив: Магистер на правни науки по казнено право
Јазик: англиски
Годишна школарина: 2250 евра

Современиот свет се соочува со сè посложени форми на финансиски и економски криминал, корупција, перење пари, даночни измами и злоупотреба на јавните ресурси. Овие појави сè почесто имаат меѓународен и дигитален карактер и директно влијаат врз економската стабилност, довербата во институциите, владеењето на правото и безбедноста. Поради тоа, денес се потребни професионалци кои умеат да ги препознаат, анализираат, истражуваат и спречуваат различните облици на финансиски криминал.

Студиската програма Financial Crime and Criminal Justice е едногодишна програма од втор циклус со 60 ЕКТС, создадена со цел студентите да стекнат продлабочени теоретски знаења и практични компетенции од областа на финансискиот криминал, кривичното право, финансиските истраги, корупцијата, човековите права и меѓународната правна соработка.

Во текот на студиите, студентите се запознаваат со финансиските и економските кривични дела, методите за откривање и истражување финансиски криминал, економијата на криминалот и корупцијата, злоупотребата на службената положба и судските и оперативните аспекти на финансиските истраги. Програмата опфаќа и теми од областа на финансиската форензика, корпоративното и трговското право, јавните финансии и меѓународните аспекти на финансискиот криминал.

Програмата не е насочена само кон стекнување академско знаење. Нејзината цел е студентите да научат како да го применуваат знаењето при анализа на реални случаи, следење финансиски текови, препознавање сомнителни трансакции, процена на ризици и подготовка на аргументирани правни и истражувачки заклучоци. Особено внимание се посветува на развивањето критичко и аналитичко размислување, истражувачки способности, професионална комуникација и практични вештини потребни за работа во областа на финансиските истраги и кривичната правда.

Последипломски студии

Достапни во Свети Николе и Битола.

Програмата е наменета за дипломирани студенти кои сакаат подобро да ги разберат финансискиот криминал, корупцијата, перењето пари и механизмите за нивно откривање, истражување, спречување и санкционирање. Таа е соодветна за кандидати со претходно образование од областа на правото, економијата и бизнисот, политичките науки и безбедноста.

Студиската програма Financial Crime and Criminal Justice може да биде природно продолжување на претходното образование за студентите кои сакаат да се специјализираат во областа на финансискиот криминал и кривичната правда, но и можност за професионалци кои сакаат да ги надградат своите знаења за финансиските истраги, антикорупциските политики, кривичното право и финансиската форензика.

Програмата е соодветна и за лица кои веќе работат или планираат да работат во судови, обвинителства, финансиската полиција, антикорупциски институции, Управата за јавни приходи, Државниот завод за ревизија, банки, осигурителни компании, јавната администрација или меѓународни организации што работат во областа на владеењето на правото и борбата против финансискиот криминал.

По завршувањето на програмата студентите се стекнуваат со 60 ЕКТС кредити.

Од изборните предмети се избира по еден предмет во секој семестар.

Покрај успешното полагање на предвидените предмети, за стекнување на потребниот број кредити студентот има обврска да подготви магистерски труд и успешно да го одбрани. Со завршувањето на студиите се стекнува со академски назив Магистер на правни науки по казнено право (Master of Sciences in Criminal Law).

Програма
едногодишни студии

9 семестар

  • Financial and Economic Criminal Offences
    Задолжителен

    8 ЕКТС

  • Financial Crime and Human Rights
    Задолжителен

    6 ЕКТС

  • Methodology of Detection and Investigation of Financial Crome
    Задолжителен

    6 ЕКТС

  • Economics of Crime and Corruption
    Задолжителен

    6 ЕКТС

  • Legal Culture
    Изборен

    6 ЕКТС

  • Financial Forensics
    Изборен

    6 ЕКТС

  • International Aspects of Financial Crime
    Изборен

    6 ЕКТС

10 семестар

  • Academic Writing
    Задолжителен

    8 ЕКТС

  • Corruption and Abuse of Official Position
    Задолжителен

    6 ЕКТС

  • Judicial and Operational Aspects of Financial Investigations
    Задолжителен

    6 ЕКТС

  • Master's thesis
    Задолжителен

    6 ЕКТС

  • Corporate and Commercial Law
    Изборен

    6 ЕКТС

  • Public Finance and Fiscal Policy
    Изборен

    6 ЕКТС

  • Crime and Abuse of Power
    Изборен

    6 ЕКТС

Услови
за упис

Право на запишување на втор циклус на студии имаат кандидатите со завршен прв циклус на студии со стекнати 240 ЕКТС (завршени четиригодишни студии).

Право на запишување имаат и студенти од други акредитирани факултети и странски државјани (регулирано со закон).

Кандидатите се запишуваат без полагање на приемен испит.

Кандидатите треба да поседуваат документ за познавање на англиски јазик. 

Документи
за упис

 

При пријавувањето за упис на втор циклус на студии кандидатите ги поднесуваат следните документи:

  • Диплома за завршен прв циклус на студии (Кандидатите кои се стекнале со дипломи во странство претходно треба да спроведат процедура за нивно нострифицирање во Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија);
  • Уверение за положени испити;
  • Извод од матична книга на родените;
  • Државјанство
  • Лична карта (на увид);
  • 2 мали слики во боја
  • доказ за познавање англиски јазик

Документите за пријавување се поднесуваат во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе на ул. „Маршал Тито“ бр. 77 и во Битола на ул. „Прилепска“ бр 90А.

Годишна
школарина

Кандидатите може да направат упис со самофинансирање на студиите во износ од 2250 евра (за една учебна година) во денарска противвредност.

Нудиме можности за плаќање на рати, а при плаќање на целокупниот износ на почетокот на академската година, студентите добиваат попуст од 10%. За студирање на двајца или повеќе студенти од исто семејство одобруваме попуст од 20% за секој член, како и 20% за бранители.

Максималниот попуст не може да изнесува повеќе 20% од вкупните трошоци за студирање. Сите информации за школарината можете да ги пронајдете овде, а информации за финансиска помош и достапните попусти можете да најдете овде.

Постави
прашање

CAPTCHA image