За факултетот

Факултетот за технички науки и информатика е основан во 2023 година како спој на Факултетот за информатика кој беше во состав на МСУ од 2011 година и Факултетот за безбедносно инженерство кој беше во состав на МСУ од 2012 година.

Спојувањето на двата факултети означува значаен чекор во развојот на универзитетот, бидејќи, пред се, овозможува здружување на експертизата од двата факултети, поттикнувајќи подобра академска соработка и поголеми можности за интердисциплинарни истражувања. На тој начин факултетот им нуди на студентите сеопфатна наставна програма која ги интегрира врвната технологија и безбедносните принципи.


Практични знаења и вештини


Главната цел на факултетот да ги подготви студентите со практични знаења и вештини со кои тие ќе можат да се вклучат во деловните процеси веднаш по дипломирањето. Ние градиме факултет кој ќе биде претпознатлив по праксата, а за таа цел имаме ангажирано професори кои се врвни експерти во својата област и имаат практично искуство, стекнато со реализација на проекти во светски рамки.

Наставната програма на додипломските студии во себе вклучува не само теорија, но и многу самостојна работа и практична настава. Во текот на студирањето, на студентите им се задаваат задачи (или помали проекти) од изучениот материјал кои треба да ги изработат самостојно и да ги презентираат на часовите.

Токму самостојната работа на овие задачи открива на какви проблеми може да се наиде при работење на реални проекти. На овој начин нашите студенти побрзо го совладуваат предвидениот материјал и покажуваат подобри резултати во студирањето.



Современи услови


Факултетот располага со современи лаборатории, каде студентите најголем дел од наставата ја поминуваат во реализација на практични вежби и проекти.


Студии со интернационален карактер


Горди сме што секоја година бројот на запишани студенти значително се зголемува и имаме зголемен број на студенти кои извршуваат трансфер од други факултети во Македонија.

Исто така, нашиот факултет има меѓународен карактер, бидејќи покрај студентите од Македонија, имаме студенти и од Хрватска, Турција, Словенија, а според досегашните најави за упис, тој број дополнително ќе се зголемува.


CAPTCHA image