Управување со отпад (3+2)


Студиска програма Управување со отпад (3+2)


Име на студиската програма: Управување со отпад
Факултет: Факултет за технички науки и информатика
Тип на студии: последипломски (втор циклус)
Локација: во Свети Николе или Битола
Времетраење на студиите: 2 години (четири семестри)
Услов за упис: стекнати најмалку 180 ЕКТС кредити
Вкупно предмети: 16 (вклучувајќи магистерски труд и стручна пракса)
ЕКТС кредити на програмата: 120
ЕКТС по завршувањето: 300
Стручен назив: Магистер за управување со отпад
Годишна школарина: 1230 евра за четвртата година, 1730 евра за петтата година


Согласно резултатите од Анкетата за потреба од вештини на пазарот на трудот во Република Северна Македонија за 2020 година, спроведена од Агенцијата за вработување на РСМ, стои фактот дека на листата на приоритетни вработувања, занимањето инженер за управување со отпад е меѓу првите.

Преку остварување на однапред поставените цели, намерата е да се оствари крајната цел, а тоа е, да се создаде  кадар  кој  во  согласност  со  концептот  на  модерното  високо  образование преку совладување не само на теоретските знаења, туку и техниките применливи во пракса од областа на управувањето со отпад, да се профилира и да се стекне со стручни вештини за работа во сферата  на  управувањето со отпад во претпријатијата  и др.  компании на локално ниво,  како  и  во  многу  други  национални,  регионални  и меѓународни асоцијации и организации итн.



Упис на двегодишни студии (3+2) можат да направат студенти кои при студирањето се стекнале најмалку со 180 ЕКТС. Во рамките на двегодишните студии се опфатени 16 предмети кои студентите треба да ги положат.

Во секој семестар има задолжителни и изборни предмети. Од понудените два изборни предмети, студентите избираат само еден. Дополнително, во наставата е вклучено и изготвување и одбрана на магистерски труд.

По завршувањето на студиите и подготвувањето на магистерскиот труд студентот се стекнува со стручен назив Магистер за управување со отпад.


Факултет за технички науки и информатика

Студиска програма Управување со отпад

Магистерски, 300 ЕКТС

7 СЕМЕСТАР

  ПРЕДМЕТ ЗАБ/ИЗБ ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
1. Енергетски потенцијал на општините Задолжителен 8 240
2. Испитување и карактеризација на отпад Задолжителен 8 240
3. Директиви и стандарди за заштита на животната средина Задолжителен 8 240
4. Управување со јавни служби Изборен 6 210
5. Менаџмент на проекти Изборен 6 210

8 СЕМЕСТАР

  ПРЕДМЕТ ЗАБ/ИЗБ ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
6. Технологија на преработка на отпад Задолжителен 8 240
7. Логистика на отпад Задолжителен 8 240
8. Екотоксикологија Задолжителен 8 240
9. Доверливост и безбедност на технички системи Изборен 6 210
10. Психологија на бизнис Изборен 6 210
9 СЕМЕСТАР
  ПРЕДМЕТ ЗАБ/ИЗБ ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
1. Одржливост на управувањето со отпад Задолжителен 8 240
2. Управување со комунален отпад Задолжителен 8 240
3. Менаџмент на одржување Задолжителен 8 240
4. Операциони истражувања Изборен 6 210
5. Основи на мултимедија Изборен 6 210
10 СЕМЕСТАР
  ПРЕДМЕТ ЗАБ/ИЗБ ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
6. Стручна пракса Задолжителен 8 240
7. Магистерски труд Задолжителен 8 240
8. Енергетска ефикасност Задолжителен 8 240
9. Методологија и научна теорија Изборен 6 210
10. Организациски менаџмент Изборен 6 210

 


Услови за упис


Право на запишување на втор циклус на студии имаат кандидатите со завршен прв циклус на студии со стекнати 180 ЕКТС (завршени тригодишни студии).

Право на запишување имаат и студенти од други акредитирани факултети и странски државјани (регулирано со закон).

Кандидатите се запишуваат без полагање на приемен испит.


Документи за упис


При пријавувањето за упис на втор циклус на студии кандидатите ги поднесуваат следните документи:

  • Диплома за завршен прв циклус на студии;
  • Уверение за положени испити;
  • Извод од матична книга на родените;
  • Фотокопија од лична карта;
  • 4 мали слики во боја

Документите за пријавување се поднесуваат во просториите на Меѓународниот Славјански Универзитет Свети Николе на ул. „Маршал Тито“ бр. 77 или во Битола на ул. „Новачки пат“ бр. 16.


Школарина


Кандидатите може да направат упис како редовни или вонредни студенти со самофинансирање на студиите во износ од 1230 евра за четвртата година, односно 1730 евра за петтата година во денарска противвредност.

Нудиме можности за плаќање на рати, а при плаќање на целокупниот износ на почетокот на академската година, студентите добиваат попуст од 10%. За студирање на двајца студенти од исто семејство одобруваме дополнителен попуст од 20% за секој член, за тројца или повеќе студенти од исто семејство по 25% за секој член, за студенти на МСУ кои од прв продолжуваат на втор циклус на студии 10%, како и 20% за бранители.


CAPTCHA image