Целта кон која се движиме е подобрување на општеството преку континуирани иновации во образованието, истражувањата, претприемништвото и креативноста.


Уникатно искуство за подобра иднина


Сакаме да креираме уникатно образовно искуство за сите наши студенти кое се фокусира не само на развивање и унапредување на нивните професионални вештини, туку и на нивната способност за решавање на проблеми, лидерство, комуникација.


Слободна размена на идеи


Во иднина продолжуваме да креираме средина која ќе инспирира размена и разбирање на нови идеи, каде истражувањата, иновациите и креативноста би можеле слободно да се развиваат и надоградуваат и каде поединците го достигнуваат својот максимален потенцијал.


Континуиран раст и развој


Во насока на натамошен развој и квалитет на наставниот процес, тековно се преземаат и активности за унапредување, креирање и воспоставување на:

  • континуиран развој на наставно-научниот кадар и развој на студентите преку нивно активирање во различни студиски активности;
  • иновативен систем за доделување на стипендии;
  • систем за следење на студентска пракса преку соработка со субјекти, приватни и државни институции и јавни установи, владини и невладини организации и слично;
  • систем за комуникација, консултација и соработка со други високообразовни, научно истражувачки и сродни установи;
  • систем за контрола на наставно-научниот процес од страна на органите на управување на универзитетот и
  • следење на современите случувања, како на локално и регионално, така и на глобално ниво преку обезбедување на пристап до електронски бази на податоци од сите релевантни области.

Заедно е подобро


Продлабочување на нашите партнерства со постоечките, но и отворање заеднички полиња за соработка со нови организации е уште една работа за која ветуваме да се залагаме повеќе. Зајакнувањето на локалните партнерства ќе значат взаемна поддршка и споделување на стекнатите знаења, додека меѓународните партнерства ќе ни помогнат да се запознаеме и да ги разбереме за другите култури, традиции, обичаи.


МСУ 2025


Стратегијата на МСУ 2025 е генерално насочена кон исполнување на условите и овозможување на визијата на основачот да стане реалност преку реализација на целите и истовремено држејќи се до вредностите кои се поставени како основа на оваа високообразовна институција.

Универзитетот има поставено амбициозни цели за раст и развој. Целите можеби се слични со оние на други универзитети, но сепак, разликата е во самиот начин на кој би се постигнале.

Преку организација на меѓународни научни конференции кои промовираат дијалог помеѓу културите и западот планираме да оствариме еден дел од нашата визија – а тоа е да бидеме мост помеѓу културите. Во моментов, универзитетот напорно работи за реализација на овој дел, но во иднина е предвидено дијалогот да обедини уште повеќе нации и култури, со цел уште поголема размена на идеи. Универзитетот смета дека е важно да се слушнат мислењата на повеќе страни, со цел воспоставување на универзални академски стандарди, кои би биле карактеристични и би помогнале да се создаде уникатен модел на студирање.

Во однос на квалитетното образование, универзитетот планира да одвои уште повеќе средства за модернизација и опремување на постоечките, но и на нови лаборатории и кабинети. Двата кампуси имаа комплетно реновирање во тек на последните години, но најмногу во 2018 година. Соодветно на тоа, универзитетот планира да постави нови интерактивни содржини, преку кои студентите би можеле да го продолжат своето учење и вон наставата.


МСУ Реализатор


Во иднина се планира обезбедување на соодветна креативна просторија, наречена МСУ Реализатор, каде студентите би имале пристап до разна опрема (музички инструменти, компјутери, роботи, театарски реквизити, фотографска опрема итн.), со цел да можат да креираат, творат, а со тоа да ги реализираат нивните идеи во текот на студирањето. На почетокот МСУ Реализатор ќе се отвори во Битола, а по тест периодот, се планира да продолжи и во Свети Николе. Според тоа како би се движеле работите, МСУ Реализатор би се збогатувал со уште повеќе опрема од повеќе области.

Исто така, универзитетот континуирано инвестира во дигитални платформи, кои им овозможуваат на студентите пристап до сите аспекти од студирањето за релативно кратко време. Дигиталните платформи исто така би се надополниле со уште повеќе предавања, онлајн работилници, вебинари, можности за директна видео комуникација студент-професор, можност за следење на наставата со помош на опрема за виртуелна реалност, со цел остварување и достигнување на повисоки академски успеси за пократок временски период.


Јакнење на универзитетскиот дух


Градењето на универзитетскиот дух е исто така важен дел од работата на универзитетот, кој планира да продолжи да инвестира во спортски тимови и натпревари. Во иднина, универзитетот исто така ќе се залага за јакнење на универзитерскиот дух преку давање материјална и морална поддршка за основање на нови клубови во рамките на универзитетот (јавачки клуб, клуб на маркетери, клуб за роботика и вештачка интелигенција Роботофф и сл.). Како млад универзитет, клучно е МСУ да го покрие овој дел за да може да продолжи да се развива во универзитет со богата култура, историја и традиција кој инвестира во општеството и во интересите на своите студенти.

Нашите цели се зацртани, стратегијата веќе успешно се имплементира, а и патот кон успехот веќе е јасно дефиниран. Во процесот на имплементирање на стратегијата предлозите и идеите од нашите студенти се земени во предвид.

Ви благодариме што сте дел од Славјански!