Сметководствената служба е често „невидлива“ за студентите. Таа професионално ја извршува својата обврска, а сите потребни информации кои ги интересираат студентите, оваа служба навремено ги предава во секторот за студентски прашања.

Со новите софтверски решенија и ангажирањето на нови вработени во овој сектор, квалитетот и брзината на услугата во овој сектор значително е подобрен со тоа што на дневно ниво има ажурирање на податоците за уплатите на студентите (вклучувајќи го и електронскиот индекс). Понатаму, оваа служба се стреми кон создавање системи за автоматско ажурирање на состојбите на студентите на повеќе платформи, со цел времето на ажурирање на состојбите на студентите да се сведе на минимум.

Во последните години има видно позитивно поместување во работата на оваа служба во поглед на услугите кон студентите, но и кон имплементирањето на новите софтверски решенија.