Ректорската управа ја сочинуваат ректорот, проректорите, деканите на факултетите, директорите на високите стручни школи, директорите на акредитираните научни установи и еден претставник на студентите кој се избира од страна на студентскиот парламент на МСУ.

Со ректорската управа раководи ректорот.

Генералниот секретар на МСУ учествува во работата на Ректорската управа, но без право на одлучување. Ректорската управа ги врши работите од својата надлежност на седници. Седниците на Ректорската управа се јавни. Ректорската управа може да одржува свечени седници по повод јубилеи, прослави и други случаи.

Членот од Ректорската управа има право и должност да присуствува на седниците на Управата и да учествува во нејзината работа. Ректорот на МСУ ги свикува седниците на Ректорската управа, раководи со нивната работа и се грижи за нивниот тек. Во негова отсутност, седницата на Управата ја свикува и со неа раководи еден од проректорите на МСУ, овластен од ректорот.

Ректорот на МСУ ги свикува седниците на Ректорската управа по своја иницијатива, или на барање од Управниот одбор, од еден факултет на МСУ, или на барање на член на Ректорската управа.

Ректорската управа, на своите седници, донесува општи акти, одлуки, заклучоци, препораки, зазема ставови по одделни прашања и дава предлози и мислења. Ректорската управа може да работи ако на седницата се присутни повеќе од половината од вкупниот број членови на Управата.

Одлуките на Ректорската управа се донесуваат со мнозинство гласови од присутните членови на Ректорската управа. Ректорот е должен да го формулира предлогот за кој се гласа и по гласањето да соопшти каква одлука е донесена. Прифатената формулација на одлуката се внесува во записник. Одлуките донесени на седница на Ректорската управа ги потпишува Ректорот, а ги одобрува Управниот одбор. Одлуките стапуваат на сила на денот на донесувањето. Против одлуките на Ректорската управа може да се поднесе жалба до Управниот одбор во рок од 8 дена од денот на донесувањето. Одлуката на Управниот одбор е конечна.

Проректор за настава при Меѓународен Славјански Универзитет е проф. д-р Иван Ефремовски.