Славјански со кампуси во Свети Николе и Битола


Денес Меѓународниот Славјански Универзитет (МСУ) располага со два кампуси во Свети Николе и Битола и е втор дом на повеќе од 2000 студенти.


5 факултети и 2 институти


Нашиот универзитет е составен од пет факултети и два институти (Институт за инженерска економија и Институт за култура и уметност). Нашите студенти поминуваат голем дел од своето време на факултет и со право може да се рече дека за време на студиите факултетот станува нивни втор дом.


https://www.facebook.com/slavjanskiuniverzitet/videos/1862772203733517/


Живејте ја Вашата визија


Уште од основањето на универзитетот ние сме тука за нашите студенти. Ќе Ви помогнеме да ги откриете Вашите интереси, да ги развиете сопствените таленти, да совладате клучни вештини… Ние ќе Ви помогнеме да ја живеете својата визија.


https://www.facebook.com/slavjanskiuniverzitet/videos/2011642212179848/


 Тука сме за Вас


Нашиот Центар за кариера ќе се погрижи за да Ве насочи кон Вашата идна професија и ќе Ви дава безрезервна поддршка во текот на студирањето.


Ние ќе бидеме Вашиот втор дом


Ние сме отворени за сите – посетете нè, прошетајте низ нашите кампуси и на секој чекор ќе пронајдете активности во кои ќе се препознаете себеси. Кај нас има простор за учење, дружење, соработка… Во текот на студирањето овие места ќе бидат Вашиот втор дом.

За одржување на наставата Ви ставаме на располагање простории од над 6500 m2 во Свети Николе и Битола.

Во рамките на овие простории се опфатени конференциски сали, амфитеатар, предавални, простории за практична работа, лаборатории, работилници, простории за вежби, комплетно опремена библиотека со читална, ресторан, студентско бифе, книжарници итн.



Ве охрабруваме да бидете дел од нешто поголемо


Ние ги охрабруваме нашите студенти активно да се вклучуваат во работата на универзитетот, па така, преку Студентскиот сојуз, можете да бидете дел од организацијата на разни културни настани, конференции, семинари, хуманитарни акции, студентски размени…


Професорите се Ваши колеги и пријатели


Нашиот професорски кадар е секогаш е позитивно, професионално и пријателски расположен за работа со студентите. Тие се секогаш достапни и студентот добива пристап до нивни податоци за контакт (телефон и адреса на електронска пошта) заедно со корисничката сметка на Е-учење.


https://www.facebook.com/slavjanskiuniverzitet/videos/1996546423689427/