Како високообразовна институција која работи во два региони во Република Северна Македонија, нашите вредности се силно поврзани со создавање на услови за подобар развој на регионите во кои работиме, гледано од аспект на образование и култура. Ние се обврзуваме да ги следиме, почитуваме и промовираме следниве вредности:


  • Креативност и иновативност – поттикнуваме, поддржуваме и охрабруваме развој на нови идеи, создавајќи средина со можности за раст и развој на сите.
  • Инклузија – ние ги почитуваме разликите и овозможуваме услови за создавање на пристапна академска средина која пружа шанса за подобрување и усовршување на секој поединец.
  • Константно подобрување – градиме подобро утре и се стремиме за подобри услови, подобри можности за сите преку иновации во процесот на едукација и истражување.
  • Отвореност – отворени сме кон прифаќање на нови идеи, и се стремиме кон создавање на универзална платформа за споделување, презентирање, размена и промоција на погледи, ставови, размислувања и идеи.
  • Интегритет – сакаме во процесот на студирање да се негуваат искреноста, посветеноста и транспарентноста.