Додипломски студии четиригодишни
На Факултетот за правни науки додипломските студии се дизајнирани да обезбедат современо и интердисциплинарно образование во областа на правото и политичките науки, следејќи ги актуелните општествени, институционални и меѓународни процеси. Четиригодишните студиски програми им овозможуваат на студентите да стекнат темелни теоретски знаења, но и да развијат аналитички, критички и практични вештини применливи во различни професионални средини.
На Факултетот за правни науки се нудат две четиригодишни студиски програми:
Програмата Правни студии опфаќа области како уставно, граѓанско, казнено, административно, трговско и меѓународно право, како и други современи правни дисциплини. Студентите се запознаваат со функционирањето на правниот систем, правните институции и примената на правото во различни општествени и професионални контексти.
Програмата Политички студии е насочена кон изучување на политичките системи и институции, демократијата, политичката моќ, политичките идеи и идеологии, политичките партии, изборните системи и меѓународните политички односи. Преку поврзување на политичките науки со правото, економијата, социологијата и меѓународните односи, студентите развиваат пошироко разбирање на современите политички и општествени процеси.
Наставата се дополнува со практични вежби, практична настава, анализа на конкретни случаи, истражувачки активности и мултидисциплинарни проекти, со цел студентите да стекнат знаења и искуства важни за нивниот понатамошен академски и професионален развој.
Услови за упис
Право на запишување на прв циклус на студии имаат кандидатите со завршено четиригодишно средно образование во државата или во странство со положена државна, државна стручна или меѓународна матура.
Право на запишување имаат и студенти од други акредитирани факултети, дипломирани лица и странски државјани (регулирано со закон).
Кандидатите се запишуваат без полагање на приемен испит.
Документи за упис
При пријавувањето за упис на прв циклус на студии кандидатите ги поднесуваат следните документи:
- Диплома за положена државна, државна стручна или меѓународна матура (Кандидатите кои се стекнале со дипломи во странство претходно треба да спроведат процедура за нивно нострифицирање во Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија);
- Свидетелства од сите 4 години;
- Извод од матична книга на родените;
- Државјанство;
- Лична карта (на увид)
- 2 мали фотографии во боја;
Документите за пријавување се поднесуваат во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе на ул. „Маршал Тито“ бр. 77 и во Битола на ул. „Прилепска“ бр 90А.
Годишна школарина
Кандидатите може да направат упис како редовни или вонредни студенти со самофинансирање на студиите во износ од 1850 евра (за една учебна година) во денарска противвредност.
Нудиме можности за плаќање на рати, а при плаќање на целокупниот износ на почетокот на академската година, студентите добиваат попуст од 10%. За студирање на двајца или повеќе студенти од исто семејство одобруваме попуст од 20% за секој член, како и 20% за бранители.
Максималниот попуст не може да изнесува повеќе 20% од вкупните трошоци за студирање. Сите информации за школарината можете да ги пронајдете овде, а информации за финансиска помош и достапните попусти можете да најдете овде.


