Административно право и јавна администрација (4+1)


Административно право и јавна администрација (4+1)


Име на студиската програма: Административно право и јавна администрација
Факултет: Факултет за правни науки
Тип на студии: последипломски (втор циклус)
Локација: во Свети Николе или Битола
Времетраење на студиите: 1 година (два семестри)
Услов за упис: стекнати најмалку 240 ЕКТС кредити
Вкупно предмети: 8
ЕКТС кредити на програмата: 60
ЕКТС по завршувањето: 300
Стручен назив: Магистер на правни науки – административно право и јавна администрација
Годишна школарина: 1530 евра


Современите трендови на пазарот на трудот наметнуваат потреба од кадар со потесна област на специјализација и владеење на конкретна проблематика. Поаѓајќи од определбите на Република Северна Македонија за членство во Европската Унија и НАТО, и реформските процеси кои се спроведуваат во таа студиска програма, сведоци сме на постојана флуктуација на проблемите од областа на јавната администрација и државната администрација.

Како дел од тие реформски процеси е и процесот на децентрализација. Реформата на јавниот сектор наметнува потреба од ангажирање стручни и професионални кадри, специјалисти и добри познавачи од областа на управното право и јавната управа.



Следејќи ги глобалните трендови за профилирање стручни кадри од областа на јавната администрација и државната администрација, Факултетот за правни науки при МСУ како неминовна и неопходна ја оцени потребата од воведување на специјализирана студиска програма која на студентот ќе му понуди можност да се стекне со проширено стручно знаење и вештини  од оваа област, како и истото тоа да го примени во пракса.


Наставна програма


Административно право и јавна администрација е една од насоките на последипломските студии кои студентот може да ги избере по дипломирањето.

Студиските програми за последипломски правни студии се наменети за студентите кои сакаат да го продолжат своето правничко образование и да се занимаваат со специјализирана правна струка. Студентот може да го продолжи своето образование на една од петте специјализирани насоки распоредени петтата година од студиите, односно да освои 60 ЕКТС кредити и да се стекне со соодветен стручен назив Магистер на правни науки – административно право и јавна администрација во конкретната област.

Од изборните предмети се избира само по еден предмет за секој семестар.

Покрај успешно полагање на предвидените предметни програми, за стекнување на потребниот број кредити предвидени на последипломските стручни студии, студентот има обврска да подготви магистерски труд и истиот успешно да го одбрани, како предуслов за завршување на соодветните студии од втор циклус и стекнување со стручен назив Магистер на правни науки – административно право и јавна администрација.


Факултет за правни науки
Студиска програма Административно право и јавна администрација (4+1)
Магистер на правни науки – административно право и јавна администрација
9 СЕМЕСТАР
  ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
1 Административно право на земјите од Европа Задолжителен 8 152
2 Јавна администрација Задолжителен 8 152
3 Локална самоуправа Задолжителен 8 152
4 Теорија на управувачки системи Изборен 6 152
5 Управување со јавни служби Изборен 6 152
6 Антикорупциско право Изборен 6 152
10 СЕМЕСТАР
  ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
7 Академско пишување Задолжителен 8 152
8 Институции на ЕУ Задолжителен 8 152
9 Магистерски труд Задолжителен 8 152
10 Административни процедури Изборен 6 152
11 Административна култура и етика Изборен 6 152

 


Услови за упис


Право на запишување на втор циклус на студии имаат кандидатите со завршен прв циклус на студии со стекнати 240 ЕКТС (завршени четиригодишни студии).

Право на запишување имаат и студенти од други акредитирани факултети, дипломирани лица и странски државјани (регулирано со закон).

Кандидатите се запишуваат без полагање на приемен испит.


Документи за упис


При пријавувањето за упис на втор циклус на студии кандидатите ги поднесуваат следните документи:

  •  Диплома за завршен прв циклус на студии;
  •  Уверение за положени испити;
  •  Извод од матична книга на родените;
  •  Фотокопија од лична карта;
  •  4 мали слики во боја

Документите за пријавување се поднесуваат во просториите на Меѓународниот Славјански Универзитет Свети Николе на ул. „Маршал Тито“ бр. 77 или во Битола на ул. „Новачки пат“ бр. 16.


Школарина


Кандидатите може да направат упис како редовни или вонредни студенти со самофинансирање на студиите во износ од 1530 евра (за една учебна година) во денарска противвредност.

Нудиме можности за плаќање на рати, а при плаќање на целокупниот износ на почетокот на академската година, студентите добиваат попуст од 10%. За студирање на двајца студенти од исто семејство одобруваме дополнителен попуст од 20% за секој член, за тројца или повеќе студенти од исто семејство по 25% за секој член, за студенти на МСУ кои од прв продолжуваат на втор циклус на студии 10%, како и 20% за бранители.


CAPTCHA image