
Инклузивна работилница: „Срцето на инклузијата- различни бои, едно срце“
24 ноември 2026
Во Штип се одржа третиот настан од „Денови на психологија 2026“
26 ноември 2026Студентите од четврта година на Факултетот за психологија при Меѓународниот Славјански Универзитет, во рамките на предметот Методика на настава по психологија, реализираа практична активност во СОУ „Кочо Рацин“ – Свети Николе.
Практичниот дел опфати опсервација на наставен час по предметот Психологија, преку која студентите имаа можност непосредно да се запознаат со наставниот процес, организацијата и реализацијата на наставата, наставните методи и интеракцијата меѓу наставникот и учениците.
Ваквиот вид практична настава претставува значајна можност за поврзување на теоретските знаења со реалната образовна практика, развивање професионални компетенции и подобро разбирање на улогата на наставникот во воспитно-образовниот процес.
Посебна благодарност до раководството и наставниот кадар на СОУ „Кочо Рацин“ – Свети Николе за отвореноста, гостопримството и овозможената можност студентите да стекнат непосредно практично искуство.
Веруваме дека токму преку ваквите искуства се градат знаења, професионални вештини и сигурни чекори кон идната професија.
Веруваме дека токму преку ваквите искуства се градат знаења, професионални вештини и сигурни чекори кон идната професија.




