ЕКТС

Европски кредит трансфер систем или ЕКТС

Наставата на факултетите при Меѓународниот Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“ е организирана според Европскиот кредит трансфер систем (ЕКТС).

Со овој систем се овозможува правилно изведување на крајната оценка по определен предмет бидејќи во овој систем се опфатени поените од целокупните активности на студентот и неговата ангажираност на предавањата, вежбите, колоквиумите и испитите, како и дополнителните активности како семинари и самостојна работа (истражувања, изработка и реализација на проекти и сл.).

Секој предмет има различен број на (ЕКТС) кредити. На Славјански задолжителните предмети се вреднуваат со по 8 кредити, а изборните со по 7.

Секој семестар при студирањето се вреднува по 30 кредити, што значи дека една академска година се вреднува со 60 кредити. Овој број претставува збир на кредитите од предметите што студентот ги слушал (и  положил) во текот на годината.

Според тоа, тригодишните студии носат 180 кредити, а четиригодишните 240 кредити.