Практична настава

Сите редовни студенти на МСУ имаат практична настава во текот на студирањето, која е организирана во соработка со многу институции и компании во Македонија. Практичната настава која се изведува во склоп на наставата е организирана од нашиот универзитет и тој ги покрива трошоците за истата.

Во текот на летото студентите имаат самостојна практична работа и избираат фирма, односно институција каде ќе ја вршат истата. Можат да изберат некоја од институциите со кои универзитетот има договор или пак институција по нивни избор.

Самата практична настава е бесплатна, а како единствен трошок се јавува купувањето на Дневник за пракса (еднаш годишно) кој чини 100 денари.