Факултетот за економија и организација на претприемништвото на студентите им нуди 2 студиски програми на едногодишните последипломски студии.

Изборот да се продолжи образованието на последипломски студии од областа на економијата и менаџментот е мудар чекор за сите студенти кои сакаат да напредуваат во нивната кариера. Магистрите од областа на економијата се стекнуваат со вештини кои се барани на пазарот на трудот.

Предметите што се опфатени во двете програми ќе им помогнат на нашите идни магистри да развијат специјални вештини за менаџирање со персоналот, креирање успешни маркетинг кампањи, менаџирање со организации во услови на глобализација…

Бидејќи предавањата најчесто се одржуваат во сабота, нашите последипломски студии се соодветни и за веќе вработени економисти и менаџери.


https://www.facebook.com/slavjanskiuniverzitet/videos/1639275336083206/


CAPTCHA image