Меѓународен центар за славјанска просвета


Меѓународен центар за славјанска просвета (МЦСП) е официјалната издавачка куќа на Меѓународен Славјански Универзитет.

Издавачката дејност на МЦСП е насочена кон создавање, објавување и промовирање квалитетна академска, научна, стручна и книжевна литература. Преку своите изданија, МЦСП придонесува кон една од основните мисии на Универзитетот – создавање и ширење на знаењето, поттикнување на научноистражувачката работа и обезбедување современа литература за студентите, академската заедница и пошироката јавност.



Нашите изданија


Во издание на Меѓународниот центар за славјанска просвета досега се објавени универзитетски учебници, монографии, прирачници, научни публикации и други стручни изданија од повеќе области, меѓу кои:

  • економија, финансии и претприемништво;
  • менаџмент и маркетинг;
  • психологија и образование;
  • право;
  • информатика и технички науки;
  • општествени и хуманистички науки;
  • култура и уметност.

Значаен дел од издавачката програма е посветен на универзитетските учебници и стручната литература, создадени од професори и соработници на МСУ, како и од други автори и експерти. На овој начин, студентите добиваат пристап до литература која е непосредно поврзана со областите што ги изучуваат и со современите академски и професионални текови.

Меѓу изданијата на МЦСП се вбројуваат наслови како „Основи на економијата“, „Маркетинг менаџмент“, „Академско пишување“, „Психологијата како наука и професија“, „Базична методологија на истражување“, „Методика на настава по психологија“, „Супервизија и евалуација“, „Учење и поучување – педагошко-психолошки аспекти“ и други академски и стручни публикации.

Посебно внимание се посветува на поддршката на авторската и истражувачката работа на наставниот кадар, со цел новите научни сознанија и професионални искуства да бидат достапни во форма на учебници, монографии, прирачници и други публикации.


Научни публикации


МЦСП има значајна улога и во научноистражувачката дејност на Меѓународен Славјански Универзитет.

Во рамките на издавачката куќа се објавуваат научни трудови и публикации произлезени од меѓународните научни конференции организирани од Универзитетот, со учество на автори од Северна Македонија и од странство.

Меѓу нив е и научната публикација „Меѓународен дијалог: Исток – Запад“, во која низ годините се објавувани трудови од областите на економијата, психологијата, образованието, правото, безбедносното инженерство, информатиката, културата, филозофијата и други научни дисциплини.

Со ова, издавачката куќа не е само поддршка на наставниот процес, туку и платформа за размена и дисеминација на научни идеи и резултати од истражувања.


Книжевни и културни изданија


Издавачката програма на МЦСП не е ограничена само на академската литература.

Во текот на годините се објавени и романи, поезија, збирки раскази, афоризми, книги од областа на уметноста и други книжевни и културни изданија од македонски и странски автори.

МЦСП организира и промоции на книги, средби со автори и други културни настани, создавајќи простор во кој се поврзуваат академската заедница, литературата, културата и уметноста.

Меѓу книжевните и културните изданија се наоѓаат дела како „Најстариот човек на светот“, „Крлевизми“, „Принцот што личеше на Малиот Принц“, книгите со карикатури „My Way“, како и други дела од домашни и странски автори.


Печатница


Во рамките на Меѓународниот центар за славјанска просвета функционира и сопствена печатница.

Во неа се реализира значаен дел од процесот на подготовка на публикациите – од техничка обработка и дизајн, до подготовка за печатење и создавање на конечниот производ.

На тој начин, МЦСП овозможува издавачкиот процес да се реализира на едно место, од подготовката на ракописот до неговата финална печатена форма.


Книжарница


Во рамките на МСУ во Свети Николе функционира и книжарница во која студентите и останатите читатели можат да ги најдат изданијата на Меѓународниот центар за славјанска просвета.

Покрај сопствените изданија, книжарницата нуди и избрана стручна и слободна литература од други издавачки куќи, со што на студентите им се овозможува пристап до дополнителна литература од областите што ги изучуваат.

Изданијата на МЦСП можат да се нарачаат и директно преку издавачката куќа.

Меѓународен центар за славјанска просвета
Маршал Тито 77, 2220 Свети Николе
Телефон: +389 32 610 603
Е-пошта: knigi@msu.edu.mk