Литература


Електронска и бесплатна литература


Литературата за голем дел од предметите на факултетот достапна на E-учење на нашата веб страна и е бесплатна. Пристап до Е-учење имаат само нашите студенти и станува збор за литература која е подготвена само за нив.

На Е-учење можат да се најдат и презентациите од предавањата на повеќето професори и асистенти.


Наши изданија за наши студенти


Дополнително, литература во печатена форма е достапна во студентската книжарница, како и во онлајн продавницата на нашата издавачка куќа. Дел од нашите професори имаат изготвено и книги и скрипти кои можат да се набават по пристапни цени.

Книгите се издаваат од официјалната издавачка куќа на МСУ, Меѓународен центар за славјанска просвета.

Студентите не се обврзани да ги купуваат материјалите.


Книгите можат и да се позајмуваат


За студентите кои сакаат дополнително да истражуваат за одредена област или предмет, достапна е дополнителна литература. Истата може да се позајми од библиотеката – бесплатно.

Нашата универзитетска библиотека нуди бесплатно членство за сите студенти. Библиотеката има своја веб страница, каде се објавуваат изданијата кои се достапни.

Вежби и други материјали може се позајмат и од предметните професори и асистенти, зависно од областа која ја обработуваат.


Факултет за психологија | 2017

Уписите на додипломските и последипломските студии на Факултетот за психологија се веќе започнати! ⏰Дали знаевте дека нашиот Факултет за психологија е најпопуларен на МСУ, според анкетата на Fakulteti.mk? 🤔Дури 71,4 % од матурантите кои сакаат да се запишат на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ сакаат да студираат психологија! И Вие сакате да студирате психологија? 🤔 Прочитајте повеќе на: http://msu.edu.mk/fakulteti/fp/za-fakultetot/ 🙂Официјален руски партнерски универзитет. 🇲🇰 🇷🇺

Posted by Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ on Friday, June 16, 2017


CAPTCHA
Please wait...