Студиска програма Психологија во социјалната заштита

Едногодишни студии
Име на студиската програма: Психологија во социјалната заштита
Факултет: Факултет за психологија
Тип на студии: последипломски (втор циклус)
Локација: во Свети Николе или Битола
Времетраење на студиите: 1 година (два семестри)
Услов за упис: стекнати најмалку 240 ЕКТС кредити
Вкупно предмети: 8
ЕКТС кредити на програмата: 60
ЕКТС по завршувањето: 300
Стручен назив: Магистер по психологија во социјална заштита
Годишна школарина: 2250 евра
Студиската програма Психологија во социјалната заштита на Факултетот за психoлогија овозможува стручна подготовка на студентите за обезбедување на директни услуги, советување и третман на индивидуи, групи и заедници кои имаат потреба од помош.
Програмата е наменета за сите оние кои сакаат да се грижат за луѓето, да работат на социјални промени и да направат нешто во врска со унапредување на квалитетот на живот на индивидуално и глобално ниво.
Психологијата како применета наука има значајна улога во превенцијата и заштитата на поединци, групи и семејства под различен вид на ризик од појава на психолошки и психосоцијални проблеми. Освен тоа, психологијата во подрачјето на социјалната заштита има и терапевска функција.
Психологот вработен во оваа област работи со лица со трауматски и посттрауматски проблеми. Во улога на советник се занимава со брачни и семејни проблеми, деца и млади со пореметено однесување, деца, млади и возрасни со проблеми на зависност од алкохол и дрога, жртви на семејно и други видови на насилство. Тој, покрај социјалниот работник, е член на мултипрофесионалните тимови во институциите за социјална заштита, институците за деца без родители и родителска грижа, професионални и работни групи во Министерството за труд и социјална политика, во НВО секторот итн.
Психологот во оваа област е и едукатор и тренер на различни маргинализирани групи. Сложеноста на работата во овие подрачја од психологот бараат проширени и продлабочени знаења и вештини за работа со лица со различни проблеми.
Целта на овие последипломски студии е проширување на знаењата на психолозите во областа на социјалната заштита во функција на поуспешна заштита и подобрување на квалитетот на живот во заедницата.
Последипломски студии
Програмата е базирана на следните начела:
- интеграција на теоријата и практичната работа во подрачјето на психологија;
- прилагодување на студиите на индивидуалните потреби на кандидатите низ понуда на разновидни изборни предмети;
- учење низ непосредна примена на стекнатите знаења и во текот на студиите што се обезбедува низ менторско следење и практична работа;
- следење на новите сознанија во областа на психологијата на социјалната заштита и сродните струки.
Студиите се едногодишни со времетраење од 60 ЕКТС кредити и овозможуваат стекнување специјализирани знаења и компетенции за работа во образовни институции и проекти насочени кон поддршка на развојот и учењето.
Упис на едногодишни (4+1) последипломски студии може да извршат студенти кои при студирањето се стекнале со 240 ЕКТС. Во рамките на едногодишните студии бројот на предмети кои треба да се положат изнесува 7.
Во 9. семестар има задолжителни и изборни предмети. Од понудените три изборни предмети, студентите избираат само два предмети. Дополнително, во наставата е вклучено и изготвување и одбрана на магистерски труд.
По завршувањето на студиите и подготвувањето на магистерскиот труд студентот се стекнува со стручен назив Магистер на психолошки науки.
Програма едногодишни студии
9 семестар
-
Психолошки интервенции при траума и стресЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Психосоцијална поддршка на ранливи групи во заедницатаЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Групна социјална работаЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Психологија на работна средина и поддршка на вработените во социјална заштитаИзборен
6 ЕКТС
-
Основи на психотерапијаИзборен
6 ЕКТС
-
Насилство во блиски врскиИзборен
6 ЕКТС
-
Социолошки и хуманистички принципи во социјалната заштитаИзборен
6 ЕКТС
-
Меѓукултурна и етно психологијаИзборен
6 ЕКТС
-
Психологија на промени и организациски развојИзборен
6 ЕКТС
-
Дефектолошка дијагностика и рехабилитација на лица со атипичен развојИзборен
6 ЕКТС
-
Социјални вештини во интерперсоналните вештиниИзборен
6 ЕКТС
10 семестар
-
Психолошко советувањеЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Методологија на научно - истражувачка работаЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Стручна праксаЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Магистерски трудЗадолжителен
12 ЕКТС
Услови за упис
Право на запишување на втор циклус на студии имаат кандидатите со завршен прв циклус на студии со стекнати 240 ЕКТС.
Право на запишување имаат и студенти од други акредитирани факултети и странски државјани (регулирано со закон).
Кандидатите се запишуваат без полагање на приемен испит.
Документи за упис
При пријавувањето за упис на втор циклус на студии кандидатите ги поднесуваат следните документи:
- Диплома за завршен прв циклус на студии (Кандидатите кои се стекнале со дипломи во странство претходно треба да спроведат процедура за нивно нострифицирање во Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија);
- Уверение за положени испити;
- Извод од матична книга на родените;
- Државјанство
- Лична карта (на увид);
- 2 мали слики во боја
Документите за пријавување се поднесуваат во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе на ул. „Маршал Тито“ бр. 77 и во Битола на ул. „Прилепска“ бр 90А.
Годишна школарина
Кандидатите може да направат упис со самофинансирање на студиите во износ од:
- 2250 евра за петтата година.
Нудиме можности за плаќање на рати, а при плаќање на целокупниот износ на почетокот на академската година, студентите добиваат попуст од 10%. За студирање на двајца или повеќе студенти од исто семејство одобруваме попуст од 20% за секој член, како и 20% за бранители.
Максималниот попуст не може да изнесува повеќе 20% од вкупните трошоци за студирање. Сите информации за школарината можете да ги пронајдете овде, а информации за финансиска помош и достапните попусти можете да најдете овде.
