Услови и критериуми за упис

Право на запишување на втор циклус на студии имаат кандидатите со завршен прв циклус на студии со добиени 240 ЕКТС (четиригодишни студии) или 180 ЕКТС (тригодишни студии). Дали кандидатот ќе се запише во четврта или петта година зависи од бројот на дотогаш стекнатите кредити.

Кандидатите се запишуваат со самофинансирање на студиите во износ од 1500 евра (за една учебна година) односно 1700 евра за Факултетот за безбедносно инженерство, во денарска противвредност сметано по курс на НБРМ на денот на уплатата.