Последипломски студии
едногодишни и двегодишни

Последипломските студии по психологија се чекор понапред кон насочување кон една дисциплина во психологијата низ теорија, спроведување истражувања и квалитетна практична настава. Факултетот за психологија нуди две студиски програми на едногодишни и двегодишни последипломски студии:

Доколку сакате да добиете подлабоки познавања за однесувањето, мислите, интеракциите и реакциите на луѓето, сакате да градите кариера како успешен психолог и себеси се гледате како иден магистер на психолошки науки, тогаш разгледајте ги подетално студиските програми кои ги нудиме:

Услови
за упис

Право на запишување на втор циклус на студии имаат кандидатите со завршен прв циклус на студии со стекнати:

  • 240 ЕКТС (завршени четиригодишни студии), за упис на едногодишни студиски програми, односно
  • 180 ЕКТС (завршени тригодишни студии), за упис на двегодишни студиски програми.

Право на запишување имаат и студенти од други акредитирани факултети и странски државјани (регулирано со закон).

Кандидатите се запишуваат без полагање на приемен испит.

Документи
за упис

При пријавувањето за упис на втор циклус на студии кандидатите ги поднесуваат следните документи:

  •  Диплома за завршен прв циклус на студии;
  •  Уверение за положени испити;
  •  Извод од матична книга на родените;
  •  Фотокопија од лична карта;
  •  4 мали слики во боја

Документите за пријавување се поднесуваат во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе на ул. „Маршал Тито“ бр. 77 и во Битола на ул. „Новачки пат“ бр 16.

Годишна
школарина

Кандидатите може да направат упис со самофинансирање на студиите во износ од:

  • 1230 евра за четвртата година и
  • 1530 евра за петтата година.

Нудиме можности за плаќање на рати, а при плаќање на целокупниот износ на почетокот на академската година, студентите добиваат попуст од 10%. За студирање на двајца студенти од исто семејство одобруваме дополнителен попуст од 20% за секој член, за тројца или повеќе студенти од исто семејство по 25% за секој член, за студенти на МСУ кои од прв продолжуваат на втор циклус на студии 10%, како и 20% за бранители.

Сите информации за школарината можете да ги пронајдете овде, а информации за финансиска помош и достапните попусти можете да најдете овде.

Постави
прашање

CAPTCHA image