Општа психологија (4+1)


Студиска програма Општа психологија (4+1)


Име на студиската програма: Општа психологија
Факултет: Факултет за психологија
Тип на студии: додипломски (прв циклус)
Локација: во Свети Николе или Битола
Студентски статус: редовен или вонреден
Времетраење на студиите: 4 години (осум семестри)
Вкупно предмети: 40
Вкупно ЕКТС: 240
Стручен назив: дипломиран психолог
Годишна школарина: 1230 евра


На Факултетот за психологија за додипломски студии акредитирана е студиската програма Општа психологија (4+1). Студиите се четиригодишни, односно носат 240 ЕКТС кредити.

На студиската програма Општа психологија, тимот од докажани професионалци ќе ви овозможи да се стекнете со непроценливо теоретско и практично знаење кое без сомнение ќе ве подготви да одговорите на сите потреби на луѓето со кои во иднина ќе работите.



На оваа студиска програма ќе изучувате предмети поврзани со едукација, ментално здравје, социјални вештини, истражувања во областа на психологијата и многу други дисциплини, кои ќе ги прошират вашите перспективи и ќе бидат цврста основа за вашиот понатамошен професионален развој.

Предметите опфаќаат продлабочени содржини од повеќе дисциплини на психологијата кои ќе ви овозможат да ја согледате интеракциската врска помеѓу средината и однесувањето на индивидуата, ќе научите повеќе за комуникацијата помеѓу луѓето, следење на промените и проблемите… Истовремено предметите треба да им помогнат на студентите да развијат вештини за примена на тие знаења во психолошката практика.

Во рамките на четиригодишните студии се опфатени 40 предмети кои студентите треба да ги положат. Во секој семестар има задолжителни и изборни предмети. Од понудените два изборни предмети, студентите избираат само еден, додека од понудените три, студентите избираат два предмети.

По подготовката на дипломскиот труд ќе се стекнете со стручен назив дипломиран психолог.


Наставна програма • четиригодишни студии


Факултет за психологија

Студиска програма Општа психологија

Дипломиран психолог

1 СЕМЕСТАР
ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
1 Перцептивни и сознајни процеси Задолжителен 6 180
2 Развојна психологија 1 Задолжителен 6 180
3 Вовед во методологија на експерименталната психологија Задолжителен 6 180
4 Статистика во психологијата Задолжителен 6 180
5 Психогенетика Изборен 6 180
6 Историја на психологија Изборен 6 180
2 СЕМЕСТАР
ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
7 Емоции и мотивација Задолжителен 6 180
8 Развојна психологија 2 Задолжителен 6 180
9 Ментално здравје Задолжителен 6 180
10 Англиски јазик Изборен 6 180
11 Руски јазик Изборен 6 180
12 Доживотно образование Изборен 6 180
3 СЕМЕСТАР
ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
1 Интелигенција Задолжителен 6 180
2 Здравствена психологија Задолжителен 6 180
3 Психометрија Задолжителен 6 180
4 Основи на педагогија со дидактика Задолжителен 6 180
5 Основи на меѓукултурна комуникација Изборен 6 180
6 Медијација Изборен 6 180
4 СЕМЕСТАР
ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
7 Инклузивно образование Задолжителен 6 180
8 Социјална психологија Задолжителен 6 180
9 Комуникациски вештини Задолжителен 6 180
10 Социологија Изборен 6 180
11 Етика и естетика Изборен 6 180
12 Учење и поучување Изборен 6 180
5 СЕМЕСТАР
  ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
1 Психопатологија Задолжителен 6 180
2 Психодијагностика Задолжителен 6 180
3 Психологија на семејство Задолжителен 6 180
4 Самопоимање и самопретставување Задолжителен 6 180
5 Училишна педагогија Изборен 6 180
6 Позитивна психологија Изборен 6 180
6 СЕМЕСТАР
ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
7 Клиничка психологија Задолжителен 6 180
8 Форензична психологија Задолжителен 6 180
9 Вештина на психолошко советување Задолжителен 6 180
10 Супервизија и евалуација Изборен 6 180
11 Психолошко тестирање Изборен 6 180
12 Квалитативни истражувања во психологијата Изборен 6 180
7 СЕМЕСТАР
ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
1 Психологија на лица со посебни потреби Задолжителен 6 180
2 Методика на настава во психологија Задолжителен 6 180
3 Невропсихологија Задолжителен 6 180
4 Психотерапевтски методи Задолжителен 6 180
5 Интервенции при стрес и криза Изборен 6 180
6 Социјална работа со поединци и групи Изборен 6 180
8 СЕМЕСТАР
ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
7 Надареност и креативност Задолжителен 6 180
8 Психологија на трудот со професионална ориентација Задолжителен 6 180
9 Психосоматика Изборен 6 180
10 Социјален идентитет и меѓугрупни односи Изборен 6 180
11 Психологија на бизнис Изборен 6 180
12 Дипломска работа 6 180

 


Услови за упис


Право на запишување на прв циклус на студии имаат кандидатите со завршено четиригодишно средно образование во државата или во странство со положена државна или меѓународна матура.

Право на запишување имаат и студенти од други акредитирани факултети, дипломирани лица и странски државјани (регулирано со закон).

Кандидатите се запишуваат без полагање на приемен испит.


Документи за упис


При пријавувањето за упис на прв циклус на студии кандидатите ги поднесуваат следните документи:

  •   Диплома за положена државна или меѓународна матура;
  •   Свидетелства од сите 4 години;
  •   Копија од извод од матична книга на родените;
  •   Копија од државјанство;
  •   4 мали фотографии во боја;

Документите за пријавување се поднесуваат во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин” во Свети Николе на ул. „Маршал Тито“ бр. 77 и во Битола на ул. „Новачки пат“ бр 16.


Школарина


Кандидатите може да направат упис како редовни или вонредни студенти со самофинансирање на студиите во износ од 1030 евра (за една учебна година) во денарска противвредност.

Нудиме можности за плаќање на рати, а при плаќање на целокупниот износ на почетокот на академската година, студентите добиваат попуст од 10%. За студирање на двајца студенти од исто семејство одобруваме дополнителен попуст од 20% за секој член, за тројца или повеќе студенти од исто семејство по 25% за секој член, како и 20% за бранители.


CAPTCHA image