
Меморандуми за соработка со Здружението на судиите на Република Северна Македонија
10 ноември 2026Меѓународен Славјански Универзитет потпиша Меморандум за соработка со Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи, насочен кон унапредување на образовната, научно-истражувачката и стручната соработка.
Меморандумот, во име на Комисијата, го потпиша директорката Оливера Трајковска, а во име на Меѓународен Славјански Универзитет генералниот секретар, доц. д-р Мартин Ѓорѓиев.

Соработката предвидува организирање научни конференции, трибини, семинари и обуки, реализација на заеднички образовни и научно-истражувачки активности, како и размена на знаења и искуства.
Притоа, се отвораат можности за активно вклучување на студентите во предвидените активности и заедничките иницијативи.
Со ова партнерство, Меѓународен Славјански Универзитет ја потврдува својата посветеност на институционалното поврзување, поддршката на верските заедници и унапредувањето на меѓусебниот дијалог, образованието и општествените вредности.





