
Практична настава по предметот Методика на настава по психологија во СОУ „Кочо Рацин“
26 ноември 2026
Изведба на „Тепихот на Биг Лебовски“ во Свети Николе
26 ноември 2026На 25 ноември 2026 година, во Киноверзум – Штип, се одржа третиот настан во рамките на „Денови на психологија 2026“, во организација на Факултетот за психологија при Меѓународниот Славјански Универзитет.
Под наслов „Архитектура на умот – Карта на внатрешниот пејзаж“, доц. д-р Елена Златева и проф. д-р Мирослав Пендароски преку интерактивни предавања и практични работилници ги воведоа учесниците во истражувањето на сопствениот внатрешен свет.



Во првиот дел од настанот, учесниците се запознаа со метафоричките асоцијативни карти како креативна алатка за подобро разбирање на сопствените чувства, мисли и внатрешни доживувања.
Вториот дел беше посветен на методот на активна имагинација и водена фантазија, преку кој домот беше претставен како метафора за внатрешната структура на личноста.
Преку практични вежби, споделување искуства и заедничка дискусија, настанот понуди простор за самоспознавање, размислување и личен развој.
„Денови на психологија 2026“, под заедничкото мото „Светот во нас“, продолжуваат на 5 декември во Скопје и на 12 декември во Битола.
Ви благодариме за учеството и ве очекуваме на следните настани!







