
Во Штип се одржа третиот настан од „Денови на психологија 2026“
26 ноември 2026
Одржан состанок на Советот на Фестивалот „Јаков од Камена Река“ во пресрет на петтото издание
26 ноември 2026По успешните премиерни изведби, театарската претстава „Тепихот на Биг Лебовски“ на Алтернативниот театар „Пробатон“ повторно ги сплоти љубителите на театарската уметност, приредувајќи уште една вечер исполнета со хумор, смеа и одлична театарска атмосфера.
Претставата, во режија на Ѓорѓи Ризески и по текст на Сашо Костовски, е инспирирана од култното филмско остварување на браќата Коен. Приказната се развива околу еден навидум обичен тепих, кој станува повод за низа неочекувани ситуации, недоразбирања и комични пресврти.
Особено уникатен сегмент на претставата е актерската игра меѓу публиката, со која се надминуваат традиционалните граници меѓу сцената и гледалиштето. Ваквиот пристап им овозможи на гледачите да се почувствуваат како дел од самото дејство, создавајќи непосредно и несекојдневно театарско доживување.
Уште една исполнета сала е потврда за интересот на публиката за театарската уметност, но и за значењето на Алтернативниот театар „Пробатон“ во збогатувањето на културниот живот во Свети Николе и пошироко.







