Студиска програма Казнено право (3+1+1)
Име на студиската програма: Казнено право
Факултет: Факултет за правни науки
Тип на студии: последипломски (втор циклус)
Локација: во Свети Николе или Битола
Времетраење на студиите: 1 година (два семестри)
Услов за упис: стекнати најмалку 240 ЕКТС кредити
Вкупно предмети: 6
ЕКТС кредити на програмата: 60
ЕКТС по завршувањето: 300
Стручен назив: Магистер по казнено право
Годишна школарина: 1530 евра
Современите трендови на најголемиот број правни факултети во светот за изучување на казненото право, се во директна корелација со статистичките податоци кои одат во прилог дека процентот на криминогени однесувања бележи значителен пораст на глобално ниво. Од тие причини, Факутетот за правни науки при МСУ воведе специјализирана студиска програма за изучување на оваа фундаментална и комплексна дисциплина која ги опфаќа аспектите на казненото материјално, процесно и извршно право.
Предмет на изучување во рамки на студиската програма Казнено право се и криминологијата и пенологијата како предметни содржини во рамки на кои студентите ќе стекнат продлабочени знаења за начините за сузбивање и превенција на криминалитетот. Студентите кои ќе се определат за оваа студиска програма, се очекува да стекнат не само проширено теоретско познавање на казненото право, туку и и вештини за негова практична примена пред правосудните органи, јавното обвинителство и други институции кои имаат истражни овластувања.
Наставна програма
Казнено право е една од насоките на последипломските студии кои студентот може да ги избере по дипломирањето.
Студиските програми за последипломски правни студии се наменети за студентите кои сакаат да го продолжат своето правничко образование и да се занимаваат со специјализирана правна струка. Студентот може да го продолжи своето образование на една од петте специјализирани насоки распоредени петтата година од студиите, односно да освои 60 ЕКТС кредити и да се стекне со соодветен стручен назив „магистер по казнено право“ во конкретната област.
Од понудените седум изборни предмети во деветти семестар, се избираат само пет предмети кои студентот ги полага.
Покрај успешно полагање на предвидените предметни програми, за стекнување на потребниот број кредити предвидени на последипломските стручни студии, студентот има обврска да подготви магистерски труд и истиот успешно да го одбрани, како предуслов за завршување на соодветните студии од втор циклус и стекнување со стручен назив магистер по право.
Факултет за правни науки | ||||
Студиска програма Казнено право (3+1+1) | ||||
Магистер по казнено право | ||||
9 СЕМЕСТАР | ||||
ПРЕДМЕТ | ЗАД./ИЗБ. | ЕКТС | ОПТОВАРЕНОСТ | |
1 | Казнена правна заштита на правата од интелектуална сопственост | Изборен | 6 | 152 |
2 | Криминалистика | Изборен | 6 | 152 |
3 | Споредбено казнено право | Изборен | 6 | 152 |
4 | Малолетничко казнено право | Изборен | 6 | 152 |
5 | Меѓународно казнено право | Изборен | 6 | 152 |
6 | Медицинско казнено право | Изборен | 6 | 152 |
7 | Правда и внатрешни работи на ЕУ | Изборен | 6 | 152 |
10 СЕМЕСТАР | ||||
ПРЕДМЕТ | ЗАД./ИЗБ. | ЕКТС | ОПТОВАРЕНОСТ | |
Изработка на магистерски труд | Задолжителен |
Услови за упис
Право на запишување на втор циклус на студии имаат кандидатите со завршен прв циклус на студии со стекнати 240 ЕКТС (завршени четиригодишни студии).
Право на запишување имаат и студенти од други акредитирани факултети, дипломирани лица и странски државјани (регулирано со закон).
Кандидатите се запишуваат без полагање на приемен испит.
Документи за упис
При пријавувањето за упис на втор циклус на студии кандидатите ги поднесуваат следните документи:
- Диплома за завршен прв циклус на студии;
- Уверение за положени испити;
- Извод од матична книга на родените;
- Фотокопија од лична карта;
- 4 мали слики во боја
Документите за пријавување се поднесуваат во просториите на Меѓународниот Славјански Универзитет „Г. Р. Державин” во Свети Николе на ул. „Маршал Тито“ бр. 77 или во Битола на ул. „Новачки пат“ бр. 16.
Школарина
Кандидатите може да направат упис како редовни или вонредни студенти со самофинансирање на студиите во износ од 1530 евра (за една учебна година) во денарска противвредност.
Нудиме можности за плаќање на рати, а при плаќање на целокупниот износ на почетокот на академската година, студентите добиваат попуст од 10%. За студирање на двајца студенти од исто семејство одобруваме дополнителен попуст од 20% за секој член, за тројца или повеќе студенти од исто семејство по 25% за секој член, за студенти на МСУ кои од прв продолжуваат на втор циклус на студии 10%, како и 20% за бранители.
https://www.facebook.com/slavjanskiuniverzitet/videos/1638125069531566/