Институтот за култура и уметност е приватна научна институција која има за цел истражување и експериментален развој во општествените и хуманитарните науки. Главна цел на оваа институција е покрај вклучување на сите релевантни кадри во реализирање на активностите од областа на културата и уметноста, исто така и промоција на главните културни настани во секој домен.

Основана од Меѓународниот Славјански Универзитет, оваа институција постои од 2011 година и од своите почетоци па сé до денес може да се истакне со остварени голем број активности. Работењето на институтот ги зафаќа сите области на општественото делување и воедно ја вклучува и младата надежна популација на која и овозможува услови за промовирање на културни активности. Секако, не се занемаруваат и активните граѓани кое секојдневно творат со исклучително висок квалитет и уметниците со долгогодишно искуство. За нив често се организираат и фестивали каде што има токму наградени дејствувачи во областа на поезијата со награда за нивното долгогодишно работење, со награди за карикатура, афоризам или хумореска каде се истакнува квалитетот и долгогодишната работа на нашите учесници.

Претежна дејност на Институтот за култура и уметност и неговата основна функција е научно-истражувачката и едукативната дејност, дејностите од областа на културата и уметноста, издавачката дејност, како и афирмација на творечките вредности создавани во во наставно-научниот процес на Меѓународниот Славјански Универзитет.

Институтот настојува да ги обавува и афирмира дејностите од областа на уметничкото творештво преку ангажирање на самостојни уметници, писатели, музичари, режисери, продуценти, актери и други автори и изведувачи од културата и уметничкото творештво.

Институтот за култура и уметност преку своите програмски определби се ангажира за развој и афирмација на креативните, уметничките дејности, како што се продукција и промоција на уметнички дела и изложби, афирмација на дејности во изведувачката уметност како театарски претстави, концерти и други сценски изведби, културни манифестации, заштита на културното наследство и библиотекарството.

Институтот е и организатор на сите настани на МСУ кои се поврзани со културата и уметноста – копродукцијата на театарски претстави заедно со ГАТ „Сцена 71“, настапи на истакнати македонски музичари во просториите на универзитетот итн.